← Ephesians (3/6) → |
1. | Затоа јас, Павле, затвореник сум на Христос Исус заради вас неевреите, |
2. | ако навистина сте чуле за управителството на Божјата благодат која ми е дадена за вас, |
3. | дека по откровение ми беше соопштена тајната, како што порано пишав накратко. |
4. | Читајќи оттаму можете да го разберете моето сфаќање на Христовата тајна |
5. | што во другите поколенија не им беше објавена на човечките синови, како што сега преку Духот им е откриена на Неговите свети апостоли и пророци: |
6. | дека неевреите се сонаследници и органи на телото, и соучесници на ветувањето во Христос Исус, преку Евангелието, |
7. | на кое му станав служител согласно дарот на Божјата благодат, која ми беше дадена според делувањето на Неговата моќ. |
8. | Мене, најмалиот од сите светии, ми е дадена оваа благодат за да им го навестувам на неевреите Евангелието на Христовото богатство кое не може целосно да се сфати |
9. | и на сите да им расветлам во што се состои располагањето со тајната, која од вечноста беше скриена во Бог - Кој создаде сè; |
10. | та многустраната Божја мудрост да им се соопшти сега преку црквата на началствата и на властите на небесата. |
11. | Ова беше според вечната цел, која ја оствари во Христос Исус, нашиот Господ, |
12. | во Кого имаме смелост и пристап со увереност преку верата во Него. |
13. | Затоа ве молам да не се обесхрабрувате заради моите неволи, што ме снајдоа заради вас; зашто тие се ваша слава. |
14. | Заради тоа ги преклонувам своите колена пред Таткото на нашиот Господ Исус Христос, |
15. | од Кого секој род на небесата и на земјата го добива своето име; |
16. | да ви даде, според богатството на Својата слава, да зајакнете со сила во внатрешниот човек преку Неговиот Дух, |
17. | та преку вашата вера Христос да живее во вашите срца; да бидете вкоренети и втемелени во љубовта за |
18. | да можете да сфатите со сите светии колкава е ширината, должината, височината и длабочината, |
19. | и да ја познаете Христовата љубов, која го надминува знаењето, за да бидете исполнувани во целата Божја полнота. |
20. | А на Оној, Кој може да направи неспоредливо повеќе, отколку што можеме да бараме или замислиме, според силата што дејствува во нас - |
21. | Нему нека Му биде слава во црквата и во Христос Исус во сите поколенија засекогаш. Амин! |
← Ephesians (3/6) → |