← Ephesians (2/6) → |
1. | И вие, кои бевте мртви поради вашите престапи и гревови, |
2. | во кои живеевте некогаш според образецот на овој свет, според принцот на силите на воздухот - духот кој дејствува сега во синовите на непокорноста, |
3. | меѓу кои и ние живеевме некогаш во своите телесни страсти, извршувајќи ги желбите на телото и на умот, и бевме по природа чеда на гневот како и останатите. |
4. | Но Бог, Кој е богат со милост, поради Својата голема љубов со која нè засака, |
5. | нè оживеа заедно со Христос и нас, кои иако бевме мртви поради нашите гревови (по благодат сте спасени) - |
6. | и со Него нè воскресна и нè постави на небесата, во Христос Исус, |
7. | та, во идните векови да го покаже ненадминливото богатство на Својата благодат, во љубезност спрема нас во Христос Исус. |
8. | Зашто по благодат сте спасени, преку вера, и тоа не е од вас самите - тоа е Божји дар! |
9. | Не е од делата, за да не се фали некој, |
10. | зашто Негово дело сме, создадени во Христос Исус за добри дела, кои Бог однапред ги подготви, за да живееме во нив. |
11. | Затоа спомнете си, дека вие кои некогаш бевте неевреи по тело, нарекувани необрежани од оние кои се нарекуваа обрежани по телото, со човечки раце; |
12. | во она време бевте без Христос, исклучени од израелското општество и туѓинци на заветите на ветувањето, без надеж и без Бог во светот. |
13. | А сега во Христос Исус, вие кои некогаш бевте далеку, доведени сте близу преку Христовата крв. |
14. | Зашто Тој е нашиот мир, Кој од двете направи едно и го разурна преградниот ѕид, што ги делеше, |
15. | и во Своето тело го укина непријателството, односно законот со неговите заповеди и одредби, и создавајќи мир, за во Себе да создаде од двата еден нов човек, |
16. | и обата во едно тело да ги измири со Бог преку крстот, со што во Себе го уби непријателството. |
17. | Тој дојде и ви проповедаше мир на вас кои бевте далеку и мир на оние кои беа близу: |
18. | зашто преку Него, и едните и другите, имаме пристап кај Таткото во еден Дух. |
19. | Затоа, вие не сте веќе туѓинци и придојдени, туку сте сограѓани на светиите и Божјо семејство, |
20. | надѕидани врз основата на апостолите и пророците, а темелниот камен е Самиот Христос Исус, |
21. | во Кого целата стројно составена зграда расте во свет храм во Господ, |
22. | врз кого и вие во Духот заедно се соѕидувате во Божјо живеалиште. |
← Ephesians (2/6) → |