Ephesians (1/6) → |
1. | Павле, преку Божја волја апостол на Исус Христос, до светиите во Ефес и верните во Христос Исус: |
2. | благодат вам и мир од Бог, нашиот Татко и од Господ Исус Христос! |
3. | Да биде благословен Бог и Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој нè благослови во Христос, со секаков духовен благослов на небесата; |
4. | зашто нè избра во Него уште пред создавањето на светот, за да бидеме свети и непорочни пред Него во љубов: |
5. | Тој однапред нè определи за да нè посини преку Исус Христос, според благонаклоноста на Својата волја, |
6. | за да биде величана славата на Неговата благодат, со која нè дарува во Bозљубениот; |
7. | во Кого имаме откуп преку Неговата крв, прошка на престапите, според богатствата на Неговата благодат, |
8. | која изобилно ја излеа на нас. Bо секоја мудрост и разумност |
9. | ни ја соопшти тајната на Својата волја, според Својата благонаклоност, што ја одреди во Него, |
10. | за да ја спроведе кога ќе се исполнат времињата; за да соедини повторно во Христос сè што е на небесата и што е на земјата. Bо Него, |
11. | во Кого и ние бевме избрани за наследници, зашто бевме однапред определени според намерата на Оној Кој прави сè по советот на Својата волја, |
12. | за да бидеме за величање на Неговата слава, ние, кои веќе отпорано се надевавме во Христос. |
13. | Bо Него сте и вие, откако ја чувте пораката на вистината - Евангелието на вашето спасение - и откако поверувавте, запечатени со Светиот Дух на ветувањето, |
14. | кој е залог за нашето наследство, за откупување на оние кои станаа Божја сопственост - за величање на Неговата слава. |
15. | Затоа и јас, откако чув за вашата вера во Господ Исус и за вашата љубов кон сите светии, |
16. | не престанувам да благодарам за вас, кога ве спомнувам во своите молитви, |
17. | та Бог на нашиот Господ Исус Христос, Таткото на славата, да ви даде дух на мудрост и откровение во целосното познавање на Него. |
18. | Молам и да ви се просветлат очите на вашето срце, за да знаете каква е надежта на Неговото призвание, какво е богатството на славата на Неговото наследство во светиите, |
19. | и колку е ненадминлива Неговата сила кон нас кои веруваме - според дејствувањето на силата на Неговата моќ, |
20. | чие дејство го покажа во Христос, кога Го воскресна од мртвите и го постави оддесно на Себеси на небесата, |
21. | далеку над секое началство, власт, сила, господство и над секое име кое се спомнува, не само во овој век, туку и во идниот. |
22. | И сè Му покори под Неговите нозе, а Него Го постави за глава над сè, за црквата, |
23. | која е Негово тело - полнотата на Оној Кој исполнува сè во сè. |
Ephesians (1/6) → |