← Ecclesiastes (9/12) → |
1. | И сево ова го ставив во срцето свое, за да испитам, дека праведниците и мудреците и нивните дела се во рацете Божји, и дека човекот не знае ни за љубов, ни за омраза во сето тоа, што е пред него. |
2. | За секој и за сите е едно: една судбина за праведен и неправеден, за добар и лош, за чист и нечист, како и оној кој принесува жртви и за оној кој не принесува; како и за добар, така и за грешник; како и за оној што се колне, така и за оној што се бои од клетва. |
3. | Токму тоа е најлошо од се, што се врши под сонцето, дека еден е крајот за сите, па затоа срцето на синовите човечки е полно со зло, и безумие има во срцето нивно додека се живи; а потоа тие умираат. |
4. | Кој е ме у живите, има уште надеж, бидејки и куче живо е подобро, отколку мртов лав. |
5. | Живите знаат, дека ке умрат, а мртвите ништо не знаат, и веке за нив нема награда, зашто и споменот за нив е предаден на заборавот, |
6. | и љубовта нивна, и омразата нивна и љубомората нивна веке исчезнале, и ке немаат дел довека во ништо, што станува под сонцето. |
7. | И така, оди, јади го радосно лебот свој и пиј го со радосно срце виното свое, што Бог има наклоност кон твоите дела. |
8. | Во секое време облеката да ти биде светла, и секогаш да има елеј на главата твоја. |
9. | Во сите дни на својот суетен живот насладувај се од животот заедно со жената, која ја сакаш, и кој ти ја дал Бог под сонцето за сите твои суетни дни; зашто, тоа е твој дел во животот и во твоите трудови, со кое се трудиш под сонцето. |
10. | Се, што може да врши раката твоја, според силите свои, врши; зашто во гробот, каде што ке појдеш, нема ни работа, ни размислување, ни знаење, ни мудрост. |
11. | И пак видов под сонцето дека на брзите не им е до трчање, ниту на храбрите до борба, ниту на мудрите до леб, ниту на разумните - богатсто, ниту на искусните благонаклоност, но времето и прликите им помагаат на сите нив. |
12. | Зашто човек не си го знае времето. Како што рибите налетуваат во погубна мрежа, и како што птиците се заплеткуваат во примки, така и синовите човечки се уловуваат во тешко време, кога тоа неочекувано ке дојде за нив. |
13. | Еве уште каква мудрост видов под сонцето, и таа ми се причини голема: |
14. | мал град и во него малку лу е; дојде против него голем цар, го опколи и почна против него да прави голем окопи; |
15. | но во него се најде човек сиромав, но умен, и тој со својата мудрост го спаси тој град; и при сето тоа никој не се сети за тој сиромав. |
16. | И јас си реков: мудроста е подобра од силата, и при сето тоа што мудроста на сиромавиот се пренебрегнува, и зборовите негови не се слушаат. |
17. | Зборовите на мудреци, искажани спокојно, се ислушуваат подобро, отколку викањето на оној што заповеда. |
18. | Мудроста е подобра од воено оружје; но оној којшто ке згреши, расипува многу добро работи. |
← Ecclesiastes (9/12) → |