← Ecclesiastes (7/12) → |
1. | Подобро е добар глас, отколку скапоцен елеј, и смртниот ден - од родениот ден. |
2. | Подобро е да одиш во кука каде што плачат по умрен, отколку да отидеш во кука, каде што се гоштева, зашто таков е крајот на секој чпвек, и животот ке го приложи тоа кон срцето свое. |
3. | Тагата е подобра од смеата; зашто, кога е лицето нажалено, срцето станува подобро. |
4. | на умните срцето им е во куката, каде што плачат, а на безумните во кука, каде што се веселат. |
5. | Подобро е да слушаш прекор од мудар, отколку да слушаш песни на безумен; |
6. | зашто смеата на безумните е како прскање на трње под котел. И тоа е суета! |
7. | Клеветењето го избезумува мудриот, а подароците го расипуваат срцето. |
8. | Крајот на една работа и подобар од почетокот нејзин; трпеливиот е подобар од горделивиот. |
9. | Не станувај со духот свој брз на гнев, зашто гневот почива во пазувите на безумните. |
10. | Не вели: "Зошто поранешните дни биле подобри од сегашните?", оти не е мудро да прашуваш за тоа. |
11. | Добра е мудроста, како и наследството, особено за оние, што го гледаат сонцето, |
12. | зашто под нејзината сенка е исто, како под сенката на сребро; но предимството за знаење е тоа, што мудроста му дава живот на оној, што ја има. |
13. | Погледај ги Божјите дела: кој може да го исправи она, што Бог го направил криво? |
14. | Во добро време ползувај се со доброто, а во зли дни размислувај: едното и другото го направил Бог, за да не може човекот да каже ништо против Него. |
15. | Се нагледав на се во моите суетни дни: праведниот загинува во својата праведност; нечесниот живее долго во нечесноста своја. |
16. | не бивај строг и немој да се покажуваш за многу умен, за да ен с4е избезумиш. |
17. | Не се предавај на грев и не станувај жесток; зошто да умреш предвреме? |
18. | Добро е, ако се држиш за едното но и друго да не испушташ од раката своја; зашто, кој се бои од Бога, ке се избави од сето тоа. |
19. | Мудроста го крепи мудриот повеке од десет кнезови што се во градот. |
20. | Нема праведник на земјата, кој прави добро и никако да не греши; |
21. | затоа не обрнувај внимание на секој збор, што се кажува, за да не го чуеш и слугата свој, кога те навредува; |
22. | зашто срцето твое знае многу работи, кога и ти самиот си навредувал други. |
23. | Сето тоа го испитав со мудрост; јас реков: "Kе бидам мудар", но мудроста е далеку од мене. |
24. | А она што е така далеку и многу длабоко: кој ке го испита? |
25. | Се свртив со срцето свое, за да ги дознаам, изучам и истражам мудроста и разумот, и да го познаам безумието на нечестивиот, и жестокоста и лукавството, |
26. | и најдов, дека погорчливо до смртта е жената, зашто таа е мрежа, срцето нејзино - стапица, рацете најзини - окови; добриот пред Бога ке се спаси од неа, а грешникот ке биде уловен од неа. |
27. | "Ете, тоа најдов јас - рече Проповедникот - испитувајки едно по друго." |
28. | Што уште бараше душата моја, и не го најде? - Маж најдов еден на иљада, но жена ме у сите нив не најдов. |
29. | Само, ете, тоа го најдов, дека Бог го прави човекот добар, но лу ето се впуштаат во многу мудрувања. |
← Ecclesiastes (7/12) → |