← Ecclesiastes (6/12) → |
1. | Има едно зло, што го видов под сонцето, и често е ме у лу ето: |
2. | Бог му дава на човекот богатство, имот и слава, и за душата негова нема скудности во ништо, шти и да посака; но Бог не му дава нему да се ползува од тоа, туку се ползува од него друг човек: тоа е суета и тешко зло! |
3. | Ако некој изнароди сто синови, проживее многу години и уште му се зголемат дните на животот негов, а душата негова не се насладила на добро, та за него ке нема дури ни погреб, подобро му е, велам, на недоносенче отколку нему, |
4. | зашто залудо дошле и отишле во темнина, и името му е покриено со мрак. |
5. | Тое дури и не го видело и не го познало сонцето: но поспокојно е од оној. |
6. | А оној, макар и да проживеал и две иљади години, без наслада од добрата, нема ли да појде се на исто место? |
7. | Сиот труд на човекот е за устата негова, но душата негова не може да се насити. |
8. | А каква предност има умниот пред безумниот, каква - сиромавиот, кој умее да се однесува пред лу ето? |
9. | Подобро е да гледаш со очи, отколку да посакуваш со душата. И тоа е суета и мака за духот. |
10. | Она што постои, тоа е веке наречено со име, и се знае, дека е тоа - човекот, и дека тој не може да се препира со оној, што е посилен од него. |
11. | Има многу такви работи, што ја зголемуваат суетата: тогаш што е за човекот подобро? |
12. | Зашто, кој знае што е добро за човекот во животот, во текот на сите дни на неговиот суетен живот, што тој ги поминува како сенка? И кој ке му каже на човекот, што ке стане по него под сонцето? |
← Ecclesiastes (6/12) → |