← Ecclesiastes (5/12) → |
1. | Чувај ја ногата своја, кога одиш во Божјиот дом, и биди готов повеке да слушаш, отколку да гледаш како безумните принесуваат жртви; зашто тие не знаат, оти вршат зло. |
2. | Не брзај со јазикот свој, и срцето твое да не брза да изговара зборови пред Господа; зашто Бог е на небото, а ти на земјата; затоа зборовите твои да не бидат многу. |
3. | Зашто, како што соништата доа аат при многу грижи, така и гласот на безумниот се познава од многуте зборови. |
4. | Кога даваш завет на Бога, не двоуми се да го извршиш, зашто Он не ги сака безумните: она што си ветил изврши го. |
5. | Подобро е да не ветуваш, отколку да ветиш и да не го извршиш. |
6. | Не и дозволувај на устата своја да го тера во грев телото твое и не говори пред Ангелот Божји: "Тое е грешка!" зошто ти е да правиш така, и Бог да се разгневи на зборот твој и да го сотре делото на рацете твои? |
7. | Зашто, како во многуте соништа, така и во многуте зборови има суета; но затоа бој се од Бога. |
8. | Ако видиш некаде на сиромав да се врши неправда и да му се одзема судот на правдата, не чуди се на тоа: зашто над високиот гледа повисок, а над нив - уште повисок; |
9. | но од се покорисна е земјата; и царот на нивата и служи. |
10. | Кој го љуби среброто, со сребро нема да се насити, и кој сака богатство, тој нема да има корист од тоа. И тоа е суета! |
11. | Се зголемува ли имотот - се зголемуваат и потребите негови; и каква корист за сопственикот негов: зар само да гледа со очите свои? |
12. | Сладок е сонот за оној, кој се труди, - па јадел тој малку или многу; но прејадувањето не му дава на богатиот да заспие. |
13. | Има едно тешко зло, што сум го видел под сонцето: богатство, што се чува за зло на оној, чие е. |
14. | А тоа богатство може да се изгуби во негодно време, па на синот што го родил да не му остане ништо во рацете негови. |
15. | Како што излегол гол од мајчината утроба, така и си заминува, каков што дошол; ништо нема да земе од трудот свој, што би можел в рака да понесе. |
16. | Големо зло е тоа што оди како што дошол. Каква е, тогаш, ползата за него, кога се трудел залудо? |
17. | А тој во текот на целиот живот јадел во темно, и многу се грижел, ожалостувал и јадосувал. |
18. | Еве уште што најдов за добро и пријатно: да јаде и да пие и да се насладува од доброто на сите свои трудови, со кои се труди под сонцето преку сите дни од животот свој, што му ги дал Бог; зашто тоа е негов дел. |
19. | И, ако на некој човек Бог му дал богатство, и имот и му дал да се ползува од нив, да го зема својот дел и да се насладува од трудовите свои, - тоа е Божји дар. |
20. | Нема долго време да ги помни тој дните на животот свој; затоа Бог и го наградува со радоста на срцето. |
← Ecclesiastes (5/12) → |