← Ecclesiastes (4/12) → |
1. | Се свртив и ги видов сите неправди, што стануваат под сонцето; и ете, солзите она онеправданите, и утешител немаат силата е во рацете на клеветниците, а закрилник нема. |
2. | Па си реков: блазе им на умрените, што умреле одамна, отколку на живите, што живеат досега; |
3. | а поблажен е и од едните и од другите оној, што уште не постои, кој не ги видел лошите работи, што се вршат под сонцето. |
4. | А видов исто, дека секој труд и секој успех во работите предизвикува ме у лу ето заемна завист. Но и тоа е суета и мака за духот. |
5. | Глупавиот седи со скрстени раци и го гризе своето сопствено тело. |
6. | Подобро една рака во мир, отколку две со труд и мака во духот. |
7. | Се свртив и видов друга суета под сонцето: |
8. | човек осамен, нема друг; нема ни син, ни брат, а пак на сите работи негови крај нема, и очите негови не можат да се наситат со богатсто. "За кого, пак, - вели тој - се трудам и ја лишувам од добра душата своја?" - Ете, и тоа е суета и лоша работа. |
9. | Подобро им е на двајца, отколку на еден, бидејки имаат добра награда за трудот свој. |
10. | Зашто, ако паден едниот, другиот ке го крене другарот свој. Но тешко на еден, ако падне, ке нема друг, кој да го крене. |
11. | Исто, кога лежат двајца, топло им е; а еден - како ке се згрее? |
12. | И, ако некој го надвие едниот, тоа двајца ке го навасаат, и јажето, трипати усукано, нема лесно да се скине. |
13. | Подобар е младич сиромав и умен, отколку цар - неразумен и стар, кој веке не умее да прима совети; |
14. | зашто младичот може да излезе од темница и да стане цар, иако се родил сиромав во царството. |
15. | Ги видов сите живи, што одат под сонцето, се потпираат на младич што ке го наследи неговото место. |
16. | Број немаше сиот оној народ, што беше пред него, иако подоцнежните нема да му се радуваат. И тоа е суета и мака во духот. |
← Ecclesiastes (4/12) → |