← Ecclesiastes (3/12) → |
1. | Се има свое време, и секоја работа под небото има свое време; |
2. | време кога ке се родиш, и време кога ке умреш; време кога садиш, и време кога го корнеш насаденото; |
3. | време кога се убива, и време кога се лекува; време кога се урива, и време кога се гради; |
4. | време кога се плаче, и време кога се смее; време кога се тагува, и време кога се игра; |
5. | време кога се расфрлуваат камиња, и време кога се собраат камења; време кога се прегрнуваш, и време кога се одбегнуваат прегратки; |
6. | време кога се добива, и време кога се губи; време кога се чува, и време кога се растура; |
7. | време кога се раскинува, и време кога се сошива; време кога се молчи, и време кога се зборува; |
8. | време кога се сака, и време кога се мрази; време за војна и време за мир. |
9. | Каква полза има оној што работи од она, над што се труди? |
10. | Ги видов работите, што Бог им ги даде на синовите човечки, за да се мачат онолу нив. |
11. | Сето она што Он го направил да биде прекрасно во свое време, и го вложи во срцата нивни, но да не може човекот да ги разбере докрај делата Божји што Он ги врши од почетокот до крајот. |
12. | Разбрав, дека за нив нема ништо подобро, освен да се веселат и да прават добро во текот на животот свој. |
13. | Кога сеој човек јаде и пие, и го гледа доброто во секој свој труд, тоа е дар Божји. |
14. | Разбрав, оти се, што прави Господ, останува засекогаш; кон тоа нема што да се додава, од тоа нема што да се одзема; а Бог прави така, за да се бојат пред лицето Негово. |
15. | Она што било, тоа е и сега, и она што ке биде, тоа веке било, - зашто Бог го врака она што изминало. |
16. | И уште видов под сонцето: место закон, а таму беззаконие; место правда, а таму неправда. |
17. | И си реков во срцето свое: "Праведниот и нечесниот Бог ке ги суди, бидејки таму има време за секоја работа и суд за секое дело." |
18. | Си реков во срцето свое и за синовите човечки - дека Бог ке ги испита, и Kе им покаже оти тие сами по себе се животни, |
19. | зашто се што се случува со синовите човечки, се случува и со животните; крајот им е ист: како умираат едните, така умираат и другите, и едно е дишењето кај сите, и човекот нема предимство пред добитокот, зашто - се е суета! |
20. | Се оди на едно место: се произлегува од земјата, и се ке се врати во земјата. |
21. | Која знае: дали духот на синовите човечки се качува горе, а духот на животните слегува долу, во земјата? |
22. | И така, јас видов оти нема ништо подобро за човекот, освен да се насладува со делата свои, бидејки тоа е негов дел; зашто, кој ке го доведе после да го погледа она, што ке биде по него? |
← Ecclesiastes (3/12) → |