← Ecclesiastes (2/12) → |
1. | Си реков во срцето свое: "Ајде ке те испитам во веселба: уживај во наслади!" Но ете, и тоа беше суета! |
2. | На смевот му реков - лудуваш, и на веселбата - што правиш? |
3. | Си помислив во срцето свое да го насладам телото свое со вино и, додека срцето мое се води по мудроста, да се придржувам и за глупоста се додека да видам, што е подобро за синовите човечки, што би требало да прават тие под небото во текот на малкуте денови на својот живот. |
4. | Презедов големи работи: си изградив куки, си насадив лозја, |
5. | си уредив градини и садници и посадив таму секакви овошни дрвја; |
6. | си направив водостои за поливање на ливадите, во кои растат дрвјата; |
7. | придобив слуги и слугинки, имав и слуги родени во домот мој; имав и крупен и ситен добиток, повеке од сите, што беа пред мене во Ерусалим; |
8. | насобрав сребро и залто и скапоцености од цареви и области; си доведов пеачи и пеачки и тоа, што ги насладува синовите човечки. |
9. | И така станав јас поголем и побогат од сите, што беа пред мене во Ерусалим; а и мудроста моја остана со мене. |
10. | Што и да посакаа очите мои, не им откажував, не му забравував на срцето свое никаква веселба, бидејки срцето мое се радуваше со сите мои трудови; и тоа ми беше дел од сите мои трудови. |
11. | И се обsрнав, та погледнав на сите мои дела, што ги беа извршиле моите раце, и на трудот, со кој се бев трудел, извршувајки ги: и ете - се беше суета и мака за духот, и немаше од нив полза под сонцето! |
12. | Потоа се свртив да ги погледам мудроста, безумството и глупоста: што може да направи човек по царот, посебно од она, што е веке направено? |
13. | И видов, дека предимството на мудроста пред глупоста е токму такво, какво што е предимството на светлината пред темнината: |
14. | на мудриот очите му се во главата негова, а глупавиот оди во темнина; но дознав, дека крајот на сите им е еднаков. |
15. | Тогаш си реков во срцето свое: "И мене ке ме стигне истото, како и глупавиот; Зошто толку многу сакав да станам мудар?" Па си реков во срцето свое дека и тоа е суета. |
16. | Зашто нема да го помнат мудриот вечно, како и глупавиот; по време се ке се заборави, и, мудриот умира, како и безумниот. |
17. | Тогаш го намразив животот, бидејки ми станаа одвратни работите, што се вршат под сонцето; зашто се е суета и измачување на духот. |
18. | И го намразив сето она, за кое се бев трудел под сонцето, затоа што треба да го оставам на човек, што ке дојде по мене. |
19. | И кој знае: мудар ли ке биде тој или глупав? А тој ке располага со сиот мој труд, со кој сум се трудел и со кој сум се покажал мударо под сонцето. Но и тоа е суета! |
20. | Намислив да му внушам на срцето свое да се откаже од сиот труд, со кој се бев трудел под сонцето, |
21. | зашто еден човек се труди мудро, со знаење и со успех, и сето тоа треба да му го предаде на човек, што не се трудел за тоа, - како да е негов дел. Па и тоа е суета и зло големо! |
22. | Оти, што му останува на човекот од сиот негов труд и од грижата на срцето негово, што се труди под сонцето? |
23. | Бидејки сите денови му се мачни, а трудивите негови - неспокојство; дури и ноке срцето негово не знае за мир. Ете, и тоа е суета! |
24. | И не е ли добро за човекот да јаде, да пие и да ја насладува душата своја од својот труд. Но јас видов, оти и тоа е од Божјата рака; |
25. | зашто, кој може да јаде, и кој може да се насладува без Бога? |
26. | Он му дава мудрост, и разум и радост на човека, кој е добар пред лицето Негово; а на грешникот му дава грижи, - да собира и трупа, за да го предаде потоа на оној, кој е добар пред лицето Божјо! Па, ете, и тоа е суета и мака за духот! |
← Ecclesiastes (2/12) → |