← Ecclesiastes (12/12) |
1. | И спомнувај си за твојот Творец во дните на младоста своја, додека не дошле тешки денови не настанале години, за кои ке речеш: "Не ми се мили;" |
2. | додека сонцето и светлината на месечината и на sвездите не потемнеле, и не дошле пак црни облаци по дождот; |
3. | додека не настапил оној ден, кога кукните стражари ке затреперат, и силни мажи ке се подгрбават, кога воденичките ке престанат да мелат, бидејки останале малку; кога ке се помрачат оние, што гледаат низ прозорец; |
4. | кога портата ке почне да се затвора; кога ке молкне шумот на оние што мелат, и кога човек ке почне да станува на птичји глас, и керките - пеачки ке замолкнат; |
5. | кога висините за нив ке бидат страшни, и по патот ке има ужаси; кога ке процути бадемот, и скакулецот ке стане тежот, и желбата ке помине; зашто човекот заменува во вечниот дом свој, и тажачките се готови да го опкружуваат по улица; |
6. | додека не се скине конецот сребрен, и не се скрши златната чаша, и не се растури ведрото при изворот, и не падне тркалото на бунарот. |
7. | И ке се врати правот во земјата, како што си бил; а духот ке се врати кај Бога, Кој го дал. |
8. | Суета над суетите, вели проповедникот, се е суета! |
9. | Проповедникот не само што беше мудар, туку и го учеше народот на мудрост. Тој се испитуваше, изучуваше и остави многу мудри паримии. |
10. | Проповедникот се трудеше да најде убави изреки и точно ги запиша зборовите на вистината. |
11. | Зборовите на мудреците се како острени, и како забиени клинци; зборовите на оние што ги напишаа, дадени се од единствениот Пастир. |
12. | А освен сето тоа, синко, пази се и од ова: да пишуваш многу книги - тоа нема крај, а да читаш многу - и тоа е заморно за телото. |
13. | А суштината на се е: бој се од Бога и пази ги неговите заповеди, зашто сето тоа е за човекот; |
14. | оти Бог ке изведе на суд секоја работа и што е тајно, било да е добро или лошо. |
← Ecclesiastes (12/12) |