| ← Ecclesiastes (11/12) → |
| 1. | Пуштај го лебот свој по водите, зашто по многу дни пак ке го најдеш. |
| 2. | Давај дел на седум душ, и дури на осум, зашто не знаеш, какво зло ке настане на земјата. |
| 3. | Кога ке се наполнат обалците, излеваат дожд на земјата; и ако едно дрво падне кој југ или кон север, тоа си останува таму, каде што и паднало. |
| 4. | Кој го набљудува ветрот, нема да сее, и кој гледа во облаците, нема да жнее. |
| 5. | Како што не ги знаеш патиштата на ветрот, ниту како настануваат коските во утробата на бремена жена, така не можеш да ги знаеш ни делата на Бога, Кој создава се. |
| 6. | Исутрина сеј го семето и навечер нека ти мируваат рацете твои, зашто не знаеш, едното, или другото повеке ке успее, или едното и другото ке бидат еднакво добри. |
| 7. | Слатка е светлината, и пријатно е за очите да гледаш сонце. |
| 8. | Ако човек проживее и многу години, нека се весели во текот на сите нив и нека си спомнува за темните дни, какви што ке ги има многу: но се што ке биде, ке биде суета! |
| 9. | Весели се во малдоста своја, момче, и срцето твое да вкусува радост во дните на твојата младост; и оди каде што срцето те влече и каде што очите ти гледаат; само знај, дека за сето тоа Бог ке те изведе на суд. |
| 10. | Гони ја скрбта од срцето свое и отстранувај го злото од телото свое, зашто детството и младоста се суета! |
| ← Ecclesiastes (11/12) → |