← Ecclesiastes (10/12) → |
1. | Мртвите муви го расипуваат и го усмрдуваат благопријатното масло на мироварец: истото го прави една мала глупост на уважуван човек за неговата мудрост и чест. |
2. | Срцето на мудриот е десно, а срцето на глупавиот - лево. |
3. | По каков и да било пат да оди глупавиот, кај него секогаш недостига смисла, и пред секого тој ке се покажува дека е безумен. |
4. | Ако гневот на оној што владее избувне врз тебе, не напуштај го местото свое, зашто кроткоста избришува и големи грешки. |
5. | Има зло што сум го видел под сонцето, како грешка што доа а од владетелот; |
6. | неукоста се поставува на голема височина, а богатите седат ниско. |
7. | Сум видел слуги на коњи, а кнезови да одат пешки како слуги. |
8. | Кој копа јама, сам ке падне во неа, и кој соборува ограда, змија ке го касне. |
9. | Кој крева камења, може да се шине, и кој цепи дрва, може да се изложи на опасност од нив. |
10. | Ако отапи секирата, и ако сечилото нејзино не биде наострено, ке треба повеке сила; мудроста знае тоа подобро да го направи. |
11. | Ако змија казне пред да се улови, тогаш за оној што ја лови нема полза. |
12. | Зборовите од уста на мудрец се благодат, а устата на безумниот самиот него го погубува: |
13. | првите зборови од устата му се глупост, а крајот на речта на устата негова - лошо безумие. |
14. | Глупавиот зборува многу, а човекот и не знае што ке биде; та и кој ке му каже, што ке биде по него? |
15. | Трудот на глупавиот го изморува, зашто не го знае дури ни патот за во градот. |
16. | Тешко тебе, земјо, кога царот твој е дете, и кога кнезовите твои јадат рано! |
17. | Блазе тебе, земјо, кога царот ти е од род благороден, и кнезовите твои јадат навреме, за поткрепа, а не за преситување! |
18. | Од мрзливост ке нависне таванот, и кога ке се скрстат рацете, покривот ке прокапе. |
19. | Гоштевања се приредуваат заради наслада и виното го весели животот; а се прави среброто. |
20. | Дури и во мислите свои не го навредувај царот, и во спалната своја не го навредувај богатиот; зашто небесната птица може да го пренесе твојот збор, и се што има криља ке го соопшти твојот збор. |
← Ecclesiastes (10/12) → |