Ecclesiastes (1/12) → |
1. | Зборовите на проповедникот, син Давидов, цар ерусалимски. |
2. | Суета над суетите, вели проповедникот, суета над суетите - се е суета! |
3. | Каква е користа за човекот од сите негови трудови, со кои се труди под сонцето? |
4. | Род еден си заминува, и род друг доа а, а замјата си постои секогаш. |
5. | Сонцето изгрева и зао а, и пак брза кон местото свое, од каде што изгрева. |
6. | Ветрот вее кон југ и се врти кон север, се врти, се врти во својот пат и пак ги почнува своите вртења во круг. |
7. | Сите реки течат во морето, но морето не се преполнува: тие одново се вракаат кон она место, од каде што потекуваат, за да течат пак. |
8. | Секоја работа бара труд: човекот не може се да искаже; окото не се наситува од гледање, ниту увото може да се наслуша. |
9. | Она што било, пак ке биде, и она што се правело, пак ке се прави - нема ништо ново под сонцето. |
10. | Иако за нешто се рече: "Види, ете, тоа е ново"; но тоа веке било во текот на вековите, што биле пред нас. |
11. | Нема спомен за минатото; па и за тоа, што ке биде подоцна. |
12. | Јас, проповедник, бев цар над Израилот во Ерусалим; |
13. | и го управив срцето свое да истражувам и да испитува преку мудроста се, што станува под небото; таа тешка задача им ја даде Бог на синовите човечки, за да се занимаваат со неа. |
14. | Ги видов сите работи, што се вршат под сонцето, и ете - се е суета и мака за духот. |
15. | Кривото не може да се исправи, и она, што го нема не може да се брои. |
16. | Си велев во срцето свое: "Еве, јас се воздигнав и се здобив со мудрост повеке од сите, што беа пред мене над Ерусалим, и срцето мое виде многу мудрост и знаење." |
17. | И го упарвив срцето свое да ја познае мудроста, да ги познае безумието и глупоста; но разбрав, оти и тоа е мачно за духот; |
18. | зашто при големата мудрост големо е и страдањето, и кој умножува знаење, умножува и мака. |
Ecclesiastes (1/12) → |