← Deuteronomy (9/34) → |
1. | Чуј, Израиле: ти денес ке го минеш Јордан да завладееш народи, поголеми и посилни од вас, градови големи, со тврдини до небеса, |
2. | лу е големи, и многубројни, и високи, Енаковите синови, за кои знаеш и си слушал: ‘Кој може да им се противстави на Енаковите синови?‘ |
3. | Но сега знај, дека Господ, твојот Бог, е пред тебе како оган, што гори: Он ке ги одврати од лицето твое и наскоро ке ги истреби, како што ти рече тебе Господ. |
4. | Кога ке ги изгони Господ, твојот Бог, пред тебе, немој да речеш во срцето свое: ‘Заради мојата праведност ме доведе Господ да ја наследам таа добра земја;‘ |
5. | не заради праведноста твоја и не заради правината на срцето твое ти одиш да ја наследиш земјата нивна, туку поради беззаконијата на тие народи Господ, твојот Бог, го изгони од пред тебе, и за да го одржи заветот, за кој им се заколна Господ на татковците ваши: Авраама, Исака и Јакова; |
6. | затоа знај сега, дека не заради праведноста твоја Господ, твојот Бог, ти дава да ја наследиш таа добра земја, - бидејки вие сте лу е жестоки. |
7. | Запомни и не заборавај, колку Го разгневивте Господа, вашиот Бог, во пустињата: од оној ден, кога излеговте од Египетската земја, па се‘ додека пристигнавте на ова место, вие не Му се покоривте на Господа. |
8. | и при Хорив вие Го разгневивте Господа, и се разгневи Господ на вас, така што сакаше да ве истреби, |
9. | кога јас се искачив на планината, за да ги примам камените плочи, плочите на заветот, што Господ ви ги беше ветил вам; и останав на планината четиеисет дена и четириесет ноки, леб на јадев и вода не пиев; |
10. | и ми ги даде Господ двете камени плочи, напишани со Божји прст, а на нив беа напишани сите зборови, што ви ги изрече Господ на планината среде огнот во денот на собранието. |
11. | Откако изминаа четириесет дена и четириесет ноки, Господ ми ги даде двете камени плочи, плочите на заветот, |
12. | и ми рече Господ: ‘Стани, оди си поскоро оттука, зашто твојот народ, што го изведе од Египет, се разврати многу брзо; тие се отстранија од патот, што им го заповедав; тие си направија идол.‘ |
13. | И ми рече Господ: ‘Јас ти говорев еднаш и двапати: го гледам тој народ, ете, тој е народ жесток; |
14. | остави Ме да ги уништам и да го избришам името нивно од под небото, а од тебе да направам народ поголем, посилен и помногуброен од нив.‘ |
15. | Јас се свртив и слегов од планината, а планината гореше во оган; двете плочи на заветот беа во обете мои раце; |
16. | и видов, дека вие бевте згрешиле против Господа, вашиот Бог, бевте си направиле излеано теле, и наскоро бевте отстапиле од патот, што ви го беше заповедал Господ да го држите; |
17. | тогаш ги зедов двете плочи, ги фрлив од рацете свои, па ги скршив пред вас. |
18. | И Му се помолив на Господа пак, како и порано, и пак четириесет дена и четириесет ноки леб на јадев и вода не пиев, за сите ваши гревови, со кои згрешивте, зашто извршивте зло пред Господа, вашиот Бог, и Го разгневивте; |
19. | бидејки јас се плашев од гневот и јароста, со која Господ се разгневи на вас и сакаше да ве истреби. Но Господ ме послуша и тогаш. |
20. | А и на Арона силно се разгневи Господ и сакаше да го погуби; но јас тогаш се молев и за Арона. |
21. | А гревот ваш, што го направивте, телето, го зедов, го изгорев во оган, го скршив, и го уништив, откако го здробив, така што стана ситен прав, и јас го фрлив тој прав во потокот што течеше од планината. |
22. | И во Тавер, и во Маса и во местото: Киврот-Атави вие Го разгневивте Господа, вашиот Бог. |
23. | И кога Господ ве прати од Кадис-Варни, со зборовите: ‘Одете и наследете ја земјата, што ви ја давам,‘ - вие и‘ се противставивте на зеповедта на Господа, вашиот Бог, и не Му поверувавте и не го послушавте гласот Негов. |
24. | Вие Му бевте непокорни на Господа уште од оној ден, откога ве запознав. |
25. | И Му се молев на Господа, Го молев четириесет дена и четириесет ноки, бидејки Господ сакаше да ве истреби; |
26. | Му се молев на Господа и реков: ‘Господи, Господи, Цару на боговите, не погубувај го Својот народ и Своето наследство, што го избави со големата Твоја сила, што го изведе од Египет со силна рака и цврста мишка; |
27. | спомни Си за Твоите слуги Авраама, Исака и Јакова, на кои им се заколна со Себе; не глдај на жестокоста на овие лу е, ниту на нечесноста нивна, ниту пак на гревовите нивни, |
28. | за да не речат жителите на оваа земја, од каде што не‘ изведе: - Господ не можеше да ги воведе во земјата, што им ја беше ветил, и од омраза спрема нив ги изведе, за да ги истреби во пустињата, - |
29. | а пак овие лу е се Твои и Твој избор, што Ти ги изведе од Египетската замја со големата сила Своја и цврстата Своја мишка.‘ |
← Deuteronomy (9/34) → |