← Deuteronomy (34/34) |
1. | Тогаш Мојсеј се искачи од рамнините Моавски на планината Нево, на врвот Фазга, спроти Јерихон, и Господ му ја покажа целата земја од Галад дури до самиот Дан, |
2. | и целата земја Нефталимова, и целата земја Ефремова и Манасиева, и целата земја Јудина, дури до самото последно море, |
3. | и пустињата и полињата околу Јерихон, град на палми, дури до Сигор. |
4. | И му рече Господ на Мојсеја: "Ете ја земјата, за која им се заколнав на Авраама, Исака, и Јакова, велејки: ‘на вашето семе ке им ја дадам‘; ти ја покажав на очите твои, но ти таму нема да појдеш." |
5. | И умре таму Мојсеј, слугата Господов, во земјата Моав, според зборот Господов; |
6. | и го погребаа во земјата Моавска близу до домот Фогаров, и дури до денеска никој не знае каде е погребан. |
7. | Мојсеј беше на сто и деведесет години кога умре; но видот не му беше ослабнат, и силата негова не му беше опаднала. |
8. | И синовите Израилеви го оплакуваа Мојсеја во Аравот Моавски кај Јордан, близу до Јерихон, триесет дена. А по деновите за плачење настана тага по Мојсеја. |
9. | И Исус, синот Навинов, се исполни со дух на мудрост, зашто Мојсеј ги беше возложил рацете свои врз него, и му се покоруваа синовите Израилеви и правеа така, како што му беше заповедал Господ на Мојсеја. |
10. | И не се појави веке таков пророк во Изралот, како Мојсеј, кого Господ го познаваше лице со лице; |
11. | со такви знаци и чудеса, кои ги беше испратил Господ да ги изрши во Египетската земја над Фараонот, над сите слуги негови и над целата земја негова. |
12. | Чудесни се и големи тие дела што Мојсеј ги изврши пред очите на целиот Израил, со силна рака и цврста мишка. |
← Deuteronomy (34/34) |