← Deuteronomy (31/34) → |
1. | Откако заврши Мојсеј да им ги кажува тие зборови на сите синови Израилеви, |
2. | им рече: ‘Сега сум на сто и деведесет години; не можам веке да излегувам и да влегувам, и Господ ми рече: - ти нема да ја минеш реката Јордан -;‘ |
3. | Господ, твојот Бог, Сам ке тргне пред тебе; Он ке ги истреби тие народи пред тебе, и ти ке ги наследиш; Исус ке тргне пред тебе, како што рече Господ; |
4. | и ке постапи Господ со нив така како што постапи со Сиона и со Ога, цареви Аморејски, кои беа од оваа страна на Јордан, и со земјите нивни, кои Он ги уништи; |
5. | и ке ви ги предаде Господ, и вие ке постапите со нив според сите заповеди, што ви ги дадов. |
6. | Бидете цврсти и храбри, не бојте се, не ужасувајте се, ниту се плашете од нив, зашто Господ, твојот Бог, Самиот ке тргне пред вас, и нема да отстапи од тебе и нема да те остави. |
7. | Тогаш Мојсеј го повика Исуса и пред сите Израилци му кажа: ‘Биди цврст и храбар, зашто ти ке влезеш со овој народ во земјата, за која Господ им се заколна на татковците ваши дека ке им ја даде, и ти ке им ја разделиш со жреб. |
8. | И Господ ке тргне со тебе, ке биде со тебе, нема да отстапи од тебе и нема да те остави: не плаши се и не ужасувај се.‘ |
9. | И ги напиша Мојсеј овие заповеди од законот и им го предаде на свештениците, синови Левиеви, кои го носеа ковчегот на заветот Господов, и на сите старешини на Израилевите синови. |
10. | И им вети Мојсеј и им рече "По седум години, во прошталната година, на празникот Сеници, |
11. | кога целиот Израил ке дојде да се јави пред Господа, твојот Бог, на место што ке го одбере Господ, прочитајте го гласно овој закон пред целиот Израил; |
12. | собери го народот, мажите, жените, децата и придојдените свои, што се нао аат во градовите ваши, за да чујат и да се научат да се плашат од Господа, вашиот Бог, и да пазат да ги исполнуваат сите заповеди од овој закон; |
13. | и синовите нивни, кои не го знаат тоа, ке чујат и ке се научат да се плашат од Господа, вашиот Бог, преку сите денови, додека живеете во земјата, за која ке го минете Јордан, за да ја наследите." |
14. | И му рече Господ на Мојсеја: "Ете, твоите денови се приближија до смртта твоја; повикај го Исуса, и застанете пред влезот во скинијата на сведоштвото, и Јас ке му дадам заповед"! И дојде Мојсеј со Исуса, и застана пред влезот од скинијата на сведоштвото. |
15. | И се јави во скинијата Господ во облаков столб, и застана облаковиот столб при влезот од скинијата на сведоштвото. |
16. | И му рече Господ на Мојсеја: "Ете, ти ке се прибереш кај татковците свои, а овој народ ке почне да се заблудува по ту ите богови на онаа земја, во која оди, ке Ме остави и ке го наруши заветот Мој, што им го ветив; |
17. | и ке се разгори јароста Моја против него во овој ден, а Јас ке ги оставам и ке го свртам лицето Свое од нив, и тој ке биде истребен, и ке го снајдат многу несреки и жалости, и ке речат во тој ден: "бидејки не е Господ Бог во нас, не снајдоа овие зла." |
18. | "А Јас со одвратност ке го свртам лицето Мое од нив во оној ден поради сите нивни беззаконија, што ке ги направат, бидејки ке се обрнат кон ту и богови." |
19. | И така, напишете ги зборовите на таа песна, научете ги синовите Израилеви на неа и стаевте има ја во устата нивна, за да Ми биде таа песна сведоштво во синовите Израилеви; |
20. | зашто Јас ке ги воведам во добра земја, каде што тече мед и млеко, како што им се заколнав на татковците нивни дека ке им ја дадам; тие ке јадат, и откако ке се наситат, ке се обрнат кон ту и богови и ке им служат, а Мене ке ме разгневат и ке го нарушат заветот Мој, што им го ветив; |
21. | и кога ке ги снајдат многу несреки и жалости, таа песна ке биде против нив како сведоштво, бидејки таа нема да излезе од устата нивна и од устата на потомството нивно. Јас им ја знам злобата нивна сега, уште пред да ги воведам во добрата земја, за која им се заколнав на татковците нивни." |
22. | И во оној ден ја напиша Мојсеј таа песна и ги научи синовите Израилеви на неа. |
23. | И му заповеда Мојсеј на Исуса, синот Навинов, и му рече: "Биди цврст и храбар, зашто ти ке ги воведеш синовите Изриалеви во земјата, за која им се заколна Господ, и Он ке биде со тебе." |
24. | А кога Мојсеј ги напиша во книга сите зборови од овој закон дури до крајот, |
25. | им заповеда на левитите, кои го носеа ковчегот на заветот Господов, велејки: |
26. | "Земете ја оваа книга на законот и ставете ја покрај ковчегот на заветот Господов, вашиот Бог, и таа ке биде таму како сведоштво; |
27. | зашто јас ја знам твојата упорност и жестоката тврдоглавост; ете и сега, кога живеам со вас, вие сте упорни пред Господа, а колку повеке по смртта моја? |
28. | Соберете ги при мене сите ваши началници на племињата, старешините, судиите и надзорници свои, и јас ке им ги кажам гласно овие зборови, а сведоци ке ми бидат небото и земјата |
29. | зашто знам, дека по смртта моја вие ке вршите беззаконија и ке отстапите од патот, што ви го заповедав, и подоцна ке ве снајдат незгоди, затоа што ке правите зло пред Господа Бога, разгневувајки Го со делата на рацете ваши." |
30. | И Мојсеј ги кажа гласно пред целото израилско собраните зборовите на таа песна до крај |
← Deuteronomy (31/34) → |