← Deuteronomy (30/34) → |
1. | Кога ке се збиднат врз тебе сите тие зборови - благословите и клетвите, што ти ги изложив, и ти ги земеш при срце кај сите народи, ме у кои ке те растури Господ, твојот Бог, |
2. | и од сето срце и од сета душа своја ке се обрнеш кон Господа, твојот Бог, и ке го послушаш гласот Негов ти и синовите твои, како што ти заповедам денес, - |
3. | тогаш Господ, твојот Бог, ке ти ги прости сите твои гревови, ке се смили над тебе, и пак ке те собере од сите народи, ме у кои те растурил Господ Бог, таму. |
4. | Макар и да бидеш растурен од крајот на небото дури до крајот на небото и оттаму ке те собере Господ, твојот Бог, и оттаму ке те земе, |
5. | и оттаму ке те доведе Господ, твојот Бог, во земјата, што ја владееле твоите татковци, и ке ја наследиш, и ке ти направи Господ добро и ке те умножи повеке од татковците твои; |
6. | и ке го очисти Господ срцето твое и срцето на потомството твое, за да Го сакаш Господа, твојот Бог, од се срце и со сета душа своја, и да живееш; |
7. | тогаш, Господ, твојот Бог, ке ги префрли сите овие клетви на непријателите твои и на оние, што те мразеа и што те гонеа; |
8. | и ти ке се обратиш и ке го слушаш гласот на Господа, твојот Бог, и ке ги исполнуваш сите заповеди Негови, што ти ги заповедам денес; |
9. | и ке те благослови Господ, твојот Бог, во секоја работа на рацете твои, во плодот на утробата твоја, во плодот на добитокот твој, во житата на земјата твоја; зашто Господ, твојот Бог ке се сврти кон тебе и ке ти се радува постојано на тебе, правејки ти добро, како што се радуваше на татковицте твои, |
10. | само ако го слушаш гласот на Господа, твојот Бог, и ги извршуваш сите заповеди и наредби Негови и повелби Негови, напишани во книгата на овој закон, и ако се свртиш кон Господа, твојот Бог, со сето срце свое и со сета душа своја. |
11. | Зашто оваа заповед, што денес ти ја давам, не е тешка за тебе, ниту далеку од тебе. |
12. | Таа не е на небото за да може да се каже: "кој од нас би се воздигнал на небото и би ни ја земал и донел да ја чуеме, та да ја исполниме?"; |
13. | ниту е преку море, за да може да се кажи: "кој од нас би отишол преку море и би ни ја земал и дал да ја чуеме, та да ја исполниме?" |
14. | Но оваа заповед е многу блиска до тебе, таа е во устата твоја и во срцето твое, за да ја исполнуваш. |
15. | Ете, јас денес ти предложив живот и добро, смрт и зло. |
16. | Ако ги слушаш заповедите на Господа, твојот Бог, што денес ти ги давам, - да Го сакаш Господа, твојот Бог, да одиш по сите патишта Негови и да ги извршуваш заповедите и законите Негови, - тогаш ке живееш и ке се намножиш, и Господ, твојот Бог, ке те благослови во земјата, во која одиш, за да ја наследиш; |
17. | ако, пак, се одврати срцето твое, и не послушаш, и се заблудиш, па почнеш да им се клањаш на други богови и да им служиш, |
18. | тогаш, ви јавувам денес, дека ке загинете и нема долго да останете на земјата, која Господ Бог ти ја дава, откога ке го минете Јордан, за да ја наследите таму. |
19. | Ви сведочам денес со небото и со земјата: живот и смрт ти предложив јас, благослов и проклетство. Избери го животот, за да живееш ти и потомството твое: |
20. | да Го сакаш Господа, твојот Бог, да го слушаш гласот Негов и да се приврзеш кон Него, зашто тоа е твојот живот и долгоденствие; така ти ке живееш на земјата, за која Господ Бог им се беше заколнал на татковците твои - Авраама, Исака и Јакова, дека ке им ја даде." |
← Deuteronomy (30/34) → |