← Deuteronomy (3/34) → |
1. | И се свртивме оттаму и појдовме кон Васан, и васанскиот цар Ог излезе во борба против нас со целиот свој народ, при Едраим. |
2. | И ми рече Господ: ‘Не бој се од него, зашто Јас ке ти го предадам во раката твоја него и целиот народ негов и целата земја негова, и ти ке направиш со него така, како што направи со аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон. |
3. | И Господ, Бог наш, ни го предаде во рацете наши и Ог, царот васански, и целиот народ негов; и го разбивме него, така што од него не остана никој жив. |
4. | Тогаш му ги презедовма сите градови негови, па не остана град, што не бевме го презеле од нив; шеесет градови, целата област Аргов во царството на Ог васански. |
5. | Сите тие градови беа утврдени со високи sидови, порти и довратници, освен многуте ферезејсни градови. |
6. | И ние ги поразивме, како што направивме со Сиона, царот есевонски, уништувајки ги сите градови заедно со жените и децата; |
7. | а целиот добиток и пленот од градовите го разграбивме. |
8. | И во тоа врема ја презадовме од рацете на двајцата цареви аморејски земјата од онаа половина на Јордан, од потокот Арнон дури до планината Аермон, |
9. | - Финикијците го викаат Ермон-Сирион, а Аморејците го нарекуваат Сенир. |
10. | Сите градови во рамнината, целиот Галад и целиот Васан до Салха и Едраим, беа градови од царството на Ог васански; |
11. | зашто само васанскиот цар Ог остануваше од Рафаините. Ете, одарот му беше железен одар, и сега е во приградието на Амоновите синови: долг девет лакти, а широк - четири лакти, машки лакти. |
12. | И тогаш ја наследивма таа земја, почнувајки од Ароир, кој е устие на потокот Арнон; а половината од планината Галад со градовите му ја предадов на Рувимовото и Гадовото племе. |
13. | остатокот, пак, од Галад и целиот Васан, царството на Ог, му го предадовме половината на Манасиевото племе, целата област Аргов, со цел Васан. Таа земја се нарече Рафаинска. |
14. | Јаир, Манасиевиот син, ја презеде целата обгласт Аргов, дури до пределите Гаргасински, и Махатински, и ги нарече Јаирови села, според своето име, како што се викаат и до ден денес. |
15. | На Махир му го дадов Галад; |
16. | а на племето Рувимово и Гадово им дадов од Галад дури до потокот Аронон, земјата ме у потокот и пределот, до потокот Јавок, пределот на Амоновите синови, |
17. | исто така и Арав, и Јордан, предел од Маханерет дури до морето арабиско, до Соленото Море, под Асидот - Фазга од исток. |
18. | Тогаш и ви заповедав, велејки: ‘Господ, Бог ваш, ви ја даде таа земја со жреб; сите способни за војна, откако ке се вооружите, појдете пред браката ваши, Израилевите синови; |
19. | само жените ваши, децата ваши и добитокот ваш, (бидејки знам, оти имате многу добиток), нека останат во градовите ваши, што ви ги дадов, |
20. | додека Господ Бог не им даде покој на вашите брака, како и вам, и додека и тие на ја наследат и таа земја, кој Господ, Бог ваш, им ја дава од онаа страна на Јордан; тогаш вратете се секој во своето наследство, што ви го дадов.‘ |
21. | А на Иисуса му заповедав во она време, велејки: ‘Очите ваши видоа се‘, што Господ, Бог ваш, им направи на тие двајца цареви; исто ке направи Господ и со сите царства, преку кои ке минуваш. |
22. | Не плашете се од нив, зашто Господ, Бог наш, Сам се бори за нас,‘ |
23. | И Му се помолив на Господа во она време, велејки: |
24. | ‘Господи, Боже, Ти почна да го покажуваш на слугата Свој величието Свое и силата Своја и цврстата рака Своја и високата мишка Своја; па има ли некој бог на небото или на земјата, кој би можел да прави такви дела, како Твоите, и со таква мок, како што е Твојата? |
25. | Дај ми да минам и да ја видам онаа прекрасна гора и Анти - Ливан.‘ |
26. | Но Господ ме презре заради вас и не ме послуша, и ми рече Господ: ‘Доста, во иднина да не ми говориш повеке за тоа; |
27. | искачи се на врвот на гората и крени ги очите кон морето и кон север, кој југ и кон исток, погледни со очите, зашто нема да го минеш Јордан; |
28. | упати го Иисуса, поткрепи го и утеши го: зашто тој ке го предводи овој народ и тој ке им го раздели наследството на целата земја, на која ти ке погледнеш.‘ |
29. | И се задржавме во долината близу до домот на Фогор." |
← Deuteronomy (3/34) → |