← Deuteronomy (29/34) → |
1. | Тоа се зборовите на заветот, што Господ му заповеда на Мојсеја да го склучи со синовите Израилеви во Моавската земја, освен заветот што Господ го склучи со нив на Хорив. |
2. | Тогаш Мојсеј ги повика сите синови Израилеви и им кажа: "‘Вие видовте се, што направи Господ пред очите ваши во Египетската земја со Фараонот и со сите негови слуги и со целата земја негова; |
3. | имаше искушенија големи, што ги видоа очите твои, и големи знаци и чудеса од силната рака и цврстата мишка Негова, |
4. | но и до ден денес Господ Бог не ви даде срце за да разберете, очи да видите и уши да чуете. |
5. | Четириесет години ве водев по пустињата, и облеката не изветве на вас, и обувките не се искинаа на нозете ваши; |
6. | леб не јадевте, вино и сикер не пиевте, за да познаете дека Јас сум Господ, вашиот Бог. |
7. | И кога дојдовте до ова место, излезе во борба против вас есевонскиот цар Сион и васанскиот цар Ог, |
8. | но ние ги празивме и им ја зедовме земјата нивна и Јас им ја дадов во дел на Рувимовото и Гадовото племе, и половината на Манасиевото племе. |
9. | Пазете ги сите зборови на овој завет и исполнувајте ги, за да имате на ум се, што правите. |
10. | Сите вие застанавте денес пред Господа, вашиот Бог, началниците на племињата ваши, старешините ваши, судиите ваши, надзорниците ваши, сите мажи Израилеви, |
11. | децата ваши, жените ваши и придојдените, кои се во вашата населба, од дрварот ваш до водоносецот ваш, |
12. | за да влезете во заветот на Господа, вашиот Бог, и во клетвениот договор со Него, кога Господ, твојот Бог, денес ги склучува со тебе, |
13. | за да те направи денес Свој народ, и да ти биде Бог, како што им се заколна на татковците твои Авраама, Исака и Јакова. |
14. | Не само вам единствени ви го заветувам овој завет и овој договор со клетва, |
15. | туку и на оние што денес не стојат овде со нас пред Господа, нашиот Бог. |
16. | Зашто вие знаете, како живеевме во Египетската земја и како одевме сред народите, низ кои минавте, |
17. | и ги видовте одвратностите нивни и идолите нивни, дрвени и камени, сребрени и златни, што се кај нив. |
18. | Да нема ме у вас маж или жена, дом или племе, чие срце би се отстранило од Господа, вашиот Бог, та да оди да им служи на боговите на оние народи; да нема ме у вас корен, што ке дава пелин и отров; |
19. | и ако некој, кој, откако ке ги чуе зборовите на оваа клетва, се пофали во срцето свое и каже: "добро ке ми биде, иако одам по желбите на срцето свое"; така грешникот нема да го погуби безгрешниот со себе. |
20. | На таков Господ нема да му прости, но гневот и ревноста на Господа ке се разгорат против тој човек, а врз него ке падне целата клетва од овој завет, напишан во овој закон, и Господ ке го избрише името негово под небото; |
21. | и ке го оддели Господ од сите племиња Израилеви за погубување, според сите клетви на заветот, напишан во овој закон. |
22. | Тогаш подоцнежното поколение, децата ваши што ке настанат по вас, и ту инецот, што ке дојде од далечна земја, откако ке ги видат поразиите на таа земја и болестите што Господ ги испратил врз неа, ке речат: |
23. | сулфур и сол, е целата земја; на неа не може да се сее, ниту ке роди, ниту ке никне на неа некаква трева, како што стана во Содом, Гомор, Адма и Севоим, кои Господ ги опсипа со гневот Свој и јароста Своја. |
24. | Тогаш ке кажат сите народи: ‘Зошто Господ постапил така со таа земја? Колку голема и јароста на гневот Негов!‘ |
25. | И ке одговорат: ‘Затоа што го оставија заветот на Господа, Бог на татковците свои, што им го вети на татковците нивни, кога ги изведе од Египетската земја, |
26. | и отидоа да им служат на други богови и да им се поклонуваат ним, кои тие не ги знаеја, и кои Он не им ги беше одредил. |
27. | Поради тоа се разгори гневот на Господа врз таа земја, и Он ги испрати врз неа сите клетви на заветот, напишани во оваа книга на законот; |
28. | и ги сотре Господ од земјата нивна во гнев, јарост и голема лутина, и ги исфрли на друга земја, како што денес гледаме.‘ |
29. | Она што е тајно, му припа а на Господа, нашиот Бог, а она што е јавно - нам и на синовите наши довека, за да ги извршуваме сите зборови на овој закон. |
← Deuteronomy (29/34) → |