| ← Deuteronomy (28/34) → |
| 1. | Откако ке минете од онаа страна на Јордан, во земјата, која Господ, вешиот Бог, ви ја дава, ако го слушаш гласот на Господа, твојот Бог, ги пазиш и ги извршуваш сите заповеди Негови, кои денес ти ги заповедам, тогаш Господ, твојот Бог, ке те постави погоре од сите народи на земјава; |
| 2. | и ке се пренесат на тебе сите овие благослови и ке се исполнат, ако го слушаш гласот на Господа, твојот Бог. |
| 3. | Благословен ке бидеш во градот и благословен во полето. |
| 4. | Благословен ке биде плодот на твојата утроба, и плодот на земјата твоја, и плодот на добитокот твој, и плодот на воловите твои, и плодот на овците твои. |
| 5. | Благословени ке бидат житниците твои и оставите твои. |
| 6. | Благословен ке бидеш, кога влегуваш, и благословен - кога излегуваш. |
| 7. | Господ нека ги порази пред тебе непријателите твои, кои се креваат против тебе; по еден пат ке навлезат тие против тебе, а по седум патишта да избегаат од пред тебе. |
| 8. | Господ да ти испорати благослови на твоите плодови и на секоја работа на твоите раце; и на земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава. |
| 9. | Господ, твојот Бог, нека те постави за Свој свет народ, како што ти се беше заколнал тебе и на татковците твои, ако ги извршуваш заповедите на Господа, твојот Бог, и одиш по патиштата Негови. |
| 10. | И тогаш ке видат сите народи на земјата, дека името на Господа, твојот Бог, ти е дадено тебе, и ке се уплашат од тебе. |
| 11. | И Господ, твојот Бог, нека ти даде изобилство во сите блага, во плодот на твојата утроба, во плодот на добитокот твој и во плодот на нивите твои на земјата, за кои Господ им се беше заколнал на твоите татковци дека ке ти ги даде. |
| 12. | И Господ нека ти го отвори доброто Свое сокровиште, небото, за да дава тоа на време дожд на земјата твоја и да ги благословува сите работи на рацете твои: и ке им даваш на заем на многу народи, а ти самиот нема да земаш на заем; и ке владееш над многу народи, а тие над тебе нема да владеат. |
| 13. | Господ, твојот Бог, да те направи глава, а не опашка, и да бидеш само на високо, а не на ниско, ако ги пазиш заповедите на Господа, твојот Бог, кои ти ги заповедам денес да ги почитуваш и исполнуваш, |
| 14. | и ако не отстапуваш од сите зборови, што ти ги заповедам денес, ни надесно, ни налево, и ако не тргнеш по други богови за да им служиш. |
| 15. | Ако, пак, не го слушаш гласот на Господа, твојот Бог, и не ги пазиш и не ги исполнуваш сите Негови заповеди и наредби, што ти ги заповедам денес, ке паднат врз тебе и ке се збиднат сите овие проклетства. |
| 16. | Проклет ке бидеш во градот и проклет ке бидеш во полето. |
| 17. | Проклети ке бидат твоите житници и твоите остави. |
| 18. | Проклет ке биде плодот на утробата твоја и плодот на земјата твоја, плодот на говедата твои и плодот на стадата овци твои. |
| 19. | Проклет ке бедеш, кога влегуваш, и проклет кога излегуваш. |
| 20. | Нека ти испрати тогаш Господ скудност, глад и уништување на секоја работа на рацете твои, каква и да вршиш, додека не те истреби, - и додека наскоро не те погуби поради твоите лоши дела, зашто си Ме оставил. |
| 21. | Господ нека испрати тогаш врз тебе и помор, додека не те истреби од земјата, во која одиш да ја наследиш. |
| 22. | Нека те порази Господ со истоштувања и огнови, со треска и воспаление, со суша, со топол ветер и гламја по житата, и тие ке те гонат додека не загинеш. |
| 23. | И небото над главата твоја ке стане бакар, а земјата под тебе - железо; |
| 24. | наместо дожд Господ нека и даде на замјата пепел, и земја од небото ке па а, ке па а врз тебе, додека не те истошти, додека не те истреби. |
| 25. | Нека те предаде Господ на непријателите твои, за да те поразат; по еден пат ке излезеш против нив, а по седум патишта ке бегаш од нив; и ке бидеш расеан по сите земни царства. |
| 26. | Твоите трупови ке станат храна на сите птици небески и на sверовите, и не ке има кој да ги истера. |
| 27. | Нека те порази Господ со египетската лепра по домовите, со дива краста и јадеж, од кои не ке можеш да се исцелиш; |
| 28. | нека те порази Господ со беснило, слепило и слабоумност. |
| 29. | И ке одиш дење со пипање, како што оди слепиот со пипање во темнината, и патот твој нема да биде прав, и ке бидеш тогаш секогаш навредуван и ограбуван, и не ке има кој да ти помогне. |
| 30. | Kе земеш жена, и друг ке ти ја земе; кука ке изградиш, и нема да живееш во неа; лозје ке насадиш и нема да го обереш. |
| 31. | Телето твое пред тебе ке го заколат, и нема да јадеш од него, оселот ке ти го грабнат, и нема да ти го вратат; овците твои ке бидат дадени на непријателите твои и ке нема никој да ти помогне. |
| 32. | Синовите твои и керките твои ке бидат предадени на друг народ; очите твои ке гледаат и ке чезнеат по нив, но нема да имаш сила во рацете свои. |
| 33. | Плодовите на земјата твоја и целиот труд твој ке го јаде народ, кого ти не го познаваш: и ке бидеш само навредуван и измачуван преку сите денови. |
| 34. | Kе бидеш избезумен од тоа, што ке го гледаат очите твои. |
| 35. | И нека те порази Господ со лоша повреда, во колената и на листовите, од кое не ке можеш да се излекуваш, од стапалата на нозете твои и дури до главата твоја. |
| 36. | Господ нека те одведе тебе и кнезовите твои, што си ги избрал, при народ, кого не си го познавал ниту ти, ниту татковците твои, и таму ке служиш на други богови, дрвени и камени; |
| 37. | и ке станеш таму за чудо, приказ и подигравка кај сите народи, кај кои Господ Бог ке те одведе. |
| 38. | Многу семе ке фрлиш во нивата, а малку ке собираш, зашто ке го јадат скакулци. |
| 39. | Лозје ке садиш и ке го работиш, и вино нема да пиеш и нема да се веселиш од него, зашто црв ке го јаде. |
| 40. | Малини ке имаш во сите твои предели, но со елеј нема да се помажеш, бидејки маслинките твои ке па аат. |
| 41. | Синови и керки ке родиш, но тие нема да останат при тебе, зашто во плен ке отидат. |
| 42. | Сите твои дрвја и сите жита на земјата твоја гламја ке ги уништи. |
| 43. | Придојдениот, кој е кај тебе, ке се издига над тебе се повисоко, и ти ке па аш се пониско; |
| 44. | тој ке ти дава на заем, а ти нема да му даваш на заем; тој ке биде главата, а ти ке бидеш опашката. |
| 45. | Kе дојдат врз тебе сите овие клетви, ке те гонат и ке те стигнат, дедека не те уништат, затоа што не го послуша гласот на Господа, твојот Бог, и не ги запази заповедите и наредбите Негови, што ти ги беше заповедал; |
| 46. | тие ке бидат врз тебе и твоето потомство знак и чудо довека. |
| 47. | Зашто ти не Му служеше на Господа, твојот Бог, со весело и радосно срце, поради изобилството во се. |
| 48. | ти ке му служиш на непријателот свој, што ке ти го испрати Господ, твојот Бог, во глад и жед, во голотија и во секаква скудност; тој ке ти става на вратот железен јарем, додека не те уништи. |
| 49. | Kе испрати Господ против тебе народ од далеку, од крајот на земјата; како орел ке се спушти народот чиј јазик ти не го разбираш. |
| 50. | народ бездушен, кој не сака ни старо да почитува, ниту младо да помилува, |
| 51. | и ке го изеде тој плодот од добитокот твој и плодот од земјата твоја; нема да ти остави ни жито, ни вино, ни елеј, ниту од говедата твои, ниту од овците твои, додека не те погуби; |
| 52. | и ке те притеснува во сите твои градови, додека не ги разруши во твојата земја твоите високи и јаки sидови, на кои ти се надеваш; и ке ти нанесе зло во сите твои градови во целата твоја земја, која Господ, твојот Бог, ти ја даде. |
| 53. | И ти ке ги јадеш чедата од утробата своја, плотта на синовите и керките свои, кои Господ, твојот Бог, ти ги даде, во теснотијата твоја и во жалоста твоја, во која ке те стави непријателот твој. |
| 54. | Межите и младите при вас многу ке му позавидат на братот свој, на саканата жена и на другите деца свои што му останале, |
| 55. | и нема да му даде на ниеден од нив плот од децата свои, кои тој ке ги јаде, зашто нема да му остане ништо друго во притеснетоста и во жалоста, во кои ке те постават непријателите твои во сите твои градови. |
| 56. | Жена нежна и млада, убава ме у вас, која поради убавината и младоста никогаш со нога не стапнала на земјата, со безмилосно око ке гледа на саканиот маж свој, на синот свој, на керката своја, |
| 57. | и нема да им го даде последокот, што излегува ме у бедрата нејзини, на децата, што ги родила; зашто, при скудноста во се, таа ке ги јаде тајно, во притеснетоста во која ке те стави напријателот твој во твоите градови. |
| 58. | Ако не ги пазиш и исполнуваш сите зборови од законот, напишани во оваа книга, и не се боиш од ова чесно и чудесно име на Господа, твојот Бог, |
| 59. | Господ ке те порази тебе и твоето потомство со необични порази, со порази големи и трајни, и со болести лоши и долги; |
| 60. | и ке ги навлече врз тебе сите лоши болести египетски, од кои се плашеше, и тие ке се залепат за тебе; |
| 61. | и секаква слабост и секаква рана незапишана и секаква запишана во книгата на овој закон, Господ ке испрати врз тебе, додека не те истреби; |
| 62. | и ке останете на број малкумина, а не како кога бевте многубројни колку и sвездите небески, бидејки не го слушавте гласот на Господа, вашиот Бог. |
| 63. | И како што Господ се радуваше, кога ви правеше добро и ве умножуваше, така ке се радува Господ, кога ке ве погубува, и ке бидете изгонети од земјата, во која одиш ти, за да ја наследиш. |
| 64. | И ке те расее Господ, твојот Бог, по сите народи, од крајот на земјата до крајот на земјата, и таму ке им служиш на други богови, кои не си ги знаел, ниту ти, ниту татковците твои, на дрво и на камен ке им служиш. |
| 65. | Но и ме у тие народи нема да те успокои, ниту ке има место, каде и да стапи ногата твоја; и таму Господ ке го нажали срцето твое и ке прати кратковидост на очите твои и душата твоја да гине; |
| 66. | животот твој ке виси пред тебе, и ке се плашиш и дење и ноке и нема да бидеш сигурен за животот свој; |
| 67. | од стравот во срцето свое ке се плашиш, и од видот на очите твои, па наутро ке кажеш: "о, што поскоро да се стемни!", а навечер ке велиш: "о, што поскоро да се осамне!" |
| 68. | И Господ ке те врати во Египет на кораби по оној пат, за кој што ти кажав: "ти нема повеке да го видиш"; и таму ке бидете продавани на непријателите свои како робови и робинки, но ке нама кој да ве купи." |
| ← Deuteronomy (28/34) → |