Deuteronomy (25/34)  

1. Кога има расправија ме у лу е, нека ги доведат во суд и да ги судат; правиот да го оправдаат, а виновниот да го осудат;
2. а ако виновниот залужува биење, да го легнат пред судиите и да го бијат поради вината негова.
3. Можат да му се удрат четириесет стапа, но не повеке, за да не се засрами братот твој пред тебе.
4. Не врзувај уста на вол кога врши.
5. Кога браката живеат заедно, и едниот од нив умре без пород, жената на умрениот не смее да се омажи за надворешен човек, но деверот нејзин треба да влезе при неа, да ја земе за жена и да живее со неа, -
6. и првородениот, што таа ке го роди, да го носи името на умрениот брат, за да не се уништи името негово во Израилот.
7. Ако, пак, тој не посака да ја земе за жена снаата своја, тогаш снаата негова да отиде кај портата пред старешините и да каже: "братот на мојот маж не сака да го подигне името на братот свој во Израилот, не сака да се ожени со мене."
8. И старешините на градот негов да го повикаат и да му зборуваат, и ако тој стане и каже: "не сакам да ја земам,"
9. тогаш снаата негова нека дојде при него пред очите на старешините, да собуе еден чевел од неговата нога, да го плукне в лице и да каже: "така се постапува со човек, кој не го подига домот на братот свој во Израилот";
10. и ке му извадат име во Израилот: "дом на собуениот,"
11. Кога се тепаат ме усебе двајцата мажи, и жената на едниот од нив се приближи за да го отргне мажот свој од оној што го бие, и, откога ке ја испружи раката своја, го фати за слабините,
12. пресечи и ја раката: да не ја пожали окото твое.
13. Во торбата своја не смееш да имаш две мерила: големо и мало;
14. во куката твоја да немаш двојна мерка: тешка и лесна;
15. мерило да имаш верно и праведно, и мерка да имаш точна и праведна, за да ти се продолжат деновите на земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава како дел;
16. бидејки одвратен е пред Господа, твојот Бог, секој што го прави ова и друга неправда.
17. Помни, како постапи со тебе Амалик, по патот, кога бевте излегле од Египет;
18. како тој ти се противстави по патот и ги погуби сите што заостанаа зад тебе од умор, кога ти беше алчен и изнемоштен, и не се уплаши од Бога.
19. И така, кога Господ, твојот Бог, ке те успокои од сите твои непријатели, што се околу тебе на земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава како дел за да ја наследиш, избриши го името на Амалик под небото; да не заборавиш.

  Deuteronomy (25/34)