← Deuteronomy (24/34) → |
1. | Ако некој земе жена и поживее со неа, но таа не добие милост во очите негови, бидејки нашол кај неа срамна работа, па и напише писмо за развод, и и го даде во рацете нејзини, и ја испрати од куката своја, |
2. | а таа откако ке излеззе од куката негова, се омажи за друг, |
3. | па, ако и тој маж ја намрзи и и напише писмо за развод, и и го даде во рацете најзини, и ја испрати од куката своја, или пак тој, вториот маж, што ја зел за жена, умре,- |
4. | тогаш првиот маж нејзин, откако ја напуштил, не може пак да ја земе за жена по нејзиното осквернување, зашто тоа е одвратно пред Господа, твојот Бог: не осквернувај ја земјата, што ви ја дава Господ, вашиот Бог, во наследство. |
5. | Ако некој скоро се оженил, нека не оди во војска, и да не му се наложува никаква работа; нека остане тој слободен во домот свој цела година и нека ја весели жената своја, што ја зел. |
6. | Никој да не зема во залога ни горен ни долен воденички камен, бидејки таквиот во залог зема душа. |
7. | Ако биде фатен некој дека украл некого од браката свои, од синовите Израилеви, и го заробил и го продал, таквиот злочинец да биде предаден на смрт: така истребувајте го злото од самите себе. |
8. | При болеста лепра гледај внимателно да пазиш и да го исполнуваш целиот закон, што ке ви го кажат свештениците левити; исполнувај го грижливо, она што сум ви го заповедал; |
9. | помни, што и направи Господ, твојот Бог, на Маријам по патот, кога бевте излегле од Египет. |
10. | Кога ке дадеш нешто во заем на ближниот свој, не оди дома кај него, за да земаш од него залог, |
11. | туку почекај надвор, а човекот, кому си му дал заем, ке ти го изнесе залогот надвор; |
12. | ако е, пак, човекот сиромав, да не пренокева залогот негов кај тебе; |
13. | врати му го залогот на зајдисонце, за да спие со облеката своја и да те благослови; тоа ке ти се смета за милост пред Господа, твојот Бог. |
14. | Не оставај го без награда бедниот и сиромавиот од твоите брака или од придојдените, кои се во градовите твои; |
15. | предај му ја наградата во истиот ден, пред да зајде сонцето, бидејки тој е беден, и на неа се надева, за да не повика против тебе кон Господа, за да не падне гнев врз тебе. |
16. | Татковците да не бидат осудувани на смрт заради децата, и децата да не бидат казнувани со смрт поради татковците; секој да биде казнет со смрт за својот грев. |
17. | Не загорчувај го поминот на придојдениот, сиромавиот и вдовицата, и од вдовица не земај облека во залог; |
18. | сети се, дека и ти беше роб во Египет, и Господ, твојот Бог, те ослободи оттаму: затоа и ти заповедам да ги исполнуваш овие наредби. |
19. | Кога жнееш на нивата своја во твоето поле и заборавиш сноп на нивата твоја, не вракај се да го земеш: тој нека остане за придојдениот, и сиромавиот, и вдовицата, за да те благослови Господ, твојот Бог, во сите работи на рацете твои. |
20. | Кога ги береш маслинките свои, не вракај се да ги добереш останатите: тие нека останат за придојдениот, сиромавиот и вдовицата. Па сети се дека и ти беше роб во Египетската земја: затоа и ти заповедам да го правиш ова. |
21. | Кога го береш лозјето свое, не го бери докрај она што ке остане по тебе: нека остане тоа за дојдениот, сиромавиот и вдовицата; |
22. | и не заборави, дека и ти беше роб во Египетската земја: затоа и ти заповедам да го правиш ова. |
← Deuteronomy (24/34) → |