← Deuteronomy (23/34) → |
1. | Оној што е скопен или кастрен не влегува во општеството Господово: |
2. | ниту син на блудница да влегува во Господовиот храм, ни десеттото колено негово. |
3. | Амониец и Моавец не смее да влегува во храмот Господов; и дури ни десеттото колено нивно да не влегуваат во храмот Господов, па и довека, |
4. | затоа што тие не ве престретнаа со леб и вода по патот, кога бевте излегле од Египет, и затоа што го наговорија против тебе Валаам Веоровиот син, од Месопотамија, за да те проколне. |
5. | Но Господ, твојот Бог, не сакаше да го чуе Валаама и ја обрна Господ, твојот Бог, клетвата негова во благослов за тебе, бидејки Господ твојот Бог те засака; |
6. | не пожелувај им ни мир, ни добрина преку сите твои денови довека. |
7. | Не гнаси се од Идумеец, бидејки тој е твој брат; не гнаси се од Египтјанин, зашто ти беше придојден во земјата негова; |
8. | Синовите нивни, родени во трето колено, можат да влезат во храмот Господов. |
9. | Кога одиш во бој против непријателите свои, пази се од се што е лошо. |
10. | Ако кај тебе има некој нечист од нокен излив, тој треба да излезе надвор од логорот и да не влегува во логорот; |
11. | а вечерта да го измие телото свое со вода, и по зајдисонце нека влезе во логорот. |
12. | Ти треба да имаш место надвор од станот, каде што ке одиш сам; |
13. | освен рилец во појасот, ти треба да имаш лопатка; па кога ке одиш таму надвор, ископај со неа земја и потоа покри ја со неа нечистотијата своја, |
14. | бидејки Господ, твојот Бог, дојде во логорот твој, за да те избави и да ги предаде непријателите твои во твои раце; затоа логорот твој треба да биде свет, за да не види Он кај тебе нешто нечисто и да не се оттргне од тебе. |
15. | Не предавај го робот на господарот негов, кога ке избега при тебе од господарот негов; |
16. | нека живее со тебе, ме у вас нека живее во секое место, што ке му биде угодно; не го оскрбувај. |
17. | Блудница од Израилевите керки да нема, и блудник да нема од синовите Израилеви. |
18. | Во домот на Господа, твојот Бог, не принесувај блудничка награда, ниту цена од пес, за никаков завет, бидејки и едното и другото се одвратност пред Господа, твојот Бог. |
19. | Не му давај на братот свој со лихва, ниту сребро, ниту храна, ниту нешто друго, што се дава во заем со лихва; |
20. | на ту инец давај му со лихва, а на братот свој не му давај со лихва; за да те благослови Господ, твојот Бог, во сите твои работи на земјата, во која одиш да ја наследиш. |
21. | Ако Му дадеш завет на Господа, твојот Бог, бездруго исполни го, зашто Господ, твојот Бог, ке го побара од тебе и врз тебе ке падне грев; |
22. | ако, пак, не си ветил, нема да имаш грев. |
23. | Она што ке излезе од устата твоја, запазувај го и исполнувај го, бидејки со образ си Му ветил дар на Господа, твојот Бог, и доброволно си го кажал со устата своја. |
24. | Ако влезеш во нивата на ближниот свој, земи класја во рацете свои, но срп да не земаш. |
25. | Кога ке влезеш во лозјето на ближниот свој, грозје можеш да јадеш колку што душата ти сака, но не клавај во садови. |
← Deuteronomy (23/34) → |