← Deuteronomy (22/34) → |
1. | Ако видиш теле од братот твој или овца негова заскитана на пат, не оставај ги, туку потерај ги кај братот твој; |
2. | ако, пак, братот твој, не е близу до тебе, прибери ги во домот твој, и нека останат кај тебе, додека братот твој не ги побара, и тогаш врати му ги; |
3. | така постапувај со оселот негов, така постапувај со облеката негова, така постапувај со секоја загубена работа на братот твој, што тој ке ја загуби, а ти ја најдеш: од тоа не смееш да се отклонуваш. |
4. | Ако го видиш оселот на братот твој или телето негово, паднати на патот, не оставај ги, туку крени ги со него заедно. |
5. | Жена не треба да носи машка облека, и маж не треба да се облекува во женска облека: секој, што го прави тоа, одвратен е пред Господа, твојот Бог. |
6. | Ако најдеш на патот птичје гнездо на некое дрво или на земја, со птички или јајца, и мајката седи над птичките или на јајцата, не ја земај мајката заедно со малите: |
7. | мајката пушти ја, а малите земи ги, за да ти биде добро, и да ти се продолжат деновите твои. |
8. | Ако градиш нова кука, направи околу неа ограда, за да не предизвикаш убиства, ако падне некој од неа. |
9. | Да не садиш во лозјето твое лози различни, па да не се осветат плодот и семињата, со кои ке го посееш плодот на лозјето твое. |
10. | Да не ораш со јунец и осел заедно. |
11. | Да не облекуваш облека, ткаена мешано од волна и лен заедно. |
12. | Направи си рески на четирите краишта од наметката твоја, со која се наметнуваш. |
13. | Ако некој земе жена, и влезе при неа, па ја намрази, |
14. | и ја обвини за порочни дела и пушти лоши зборови за неа, и каже: ‘ја зедов оваа жена, влегов при неа, и не ја надов девица‘, |
15. | тогаш таткото на момата и мајката нејзина нека ги земат и нека ги изнесат девствените белези на момата при старешините пред портата; |
16. | и таткото на девојката нека им каже на старешините: ‘му ја дадов керката моја за жена на овој човек, а сега тој ја намрази, |
17. | и ете, ја обвинува за порочни дела, велејки: "не ја најдов керката твоја девица"; но еве ги девствените белези на керката моја.‘ И да ја распростре долната облека нејзина пред старешините од тој град. |
18. | Тогаш градските старешини да го фатат мажот и да го казнат, |
19. | и да го глобат со сто сикли сребро, и тоа да му го дадат на таткото од девојката, поради тоа што нанел зло на израилска девица; таа, пак, да си остане негова жена, и тој да не може да се разведе од неа преку целиот живот. |
20. | Ако, пак, кажаното излезе вистина, и таа не биде најдена како девица, |
21. | тогаш нека ја доведат момата пред вратата на таковата и кука, и градските мажи нака ја каменуваат до смрт, бидјки извршила срамно дело во Израилот, го осквернила татковиот дом; така истребувајте го злото од себе. |
22. | Ако некој биде фатен да лежи со мажена жена, тогаш и обајцата да бидат предадени на смрт: и мажот кој лежел со жената, и жената: така истребувајте го злото од Израилот. |
23. | Ако некоја девица, свршена за маж, ја сретне некој во градот и легне со неа, |
24. | тогаш и обајцата да ги доведете пред портата на тој град и да ги претепате со камења до смрт: момата поради тоа што не викала во градот, а мажот, поради тоа што ја осквернил свршеницата на ближниот свој: така истребувајте го злото од себе. |
25. | Ако, пак, некој сретне во полето мома свршена, па ја силува, да биде погубен само мажот, кој лежел со неа, |
26. | а на момата не правете и ништо; кај момата нема грев за смрт: тоа е исто, како кога некој стане против ближниот свој и го убие; |
27. | бидејки тој ја сретнал во полето, а свршената мома и да викала, немало кој да ја спаси. |
28. | Ако некој сретне девица несвршена, па ја силува, и ги затечат,- |
29. | тогаш оној, што лежел со неа, да му даде на таткото од момата педесет дидрахми во сребро, а таа да биде негова жена, бидејки тој ја осрамотил; преку целиот живот свој тој не може да се разведе од неа. |
30. | Никој не смее да ја земе жената на таткото свој и да го открива крајот од покривката таткова. |
← Deuteronomy (22/34) → |