← Deuteronomy (21/34) → |
1. | Ако во земјата, што Господ, твојот Бог, ти ја дава да ја наследиш, се најде убиен човек во полето, и не се знае, кој го убил, |
2. | нека излезат твоите старешини и судиите и нека го измерат растојанието од убиениот до градовите наоколу; |
3. | и старешините на градот, кој е најблиску до убиениот, нека земат јуничка, кој не била спрегната и која не носела јарем, |
4. | и старешините од тој град нека ја одведат таа јуничка во сув необработен и незасејуван дол, и таму во долот нека ја заколат јуницата; |
5. | потоа нека пристапат свештениците, синовите Левиеви, бидејки Господ, твојот Бог, нив ги избра да Му служат и да благословуваат од името Негово, и според зборовите нивни да се пресуди секоја расправија и секоја причинета штета, |
6. | и сите старешини од тој град, најблискиот до убиениот, нека си ги измијат рацете над главата на јуницата каде што и се пресечени жилите во долот, |
7. | па да објават и да кажат: нашите раце на ја пролеаја оваа крв и нашите очи не видоа; |
8. | милостив биди спрема лу ето Твои во Израилот, кој Ти, Господи, го изведе од Египетската земја, за да нема невина крв во Израилот. И тие ке се очистат од крвта. |
9. | Така треба да ја отстрануваш од себеси крвта на невиност, ако сакаш да правиш добро и угодно пред Господа, твојот Бог. |
10. | Кога ке излезеш во бој против непријателите свои, и Господ, твојот Бог, ке ти ги предаде во рацете твои, и ти ке ги заробиш нив, |
11. | па видиш ме у заробените жена убавица, и ја засакаш, и ке посакаш да си ја земаш за жена, |
12. | одведи ја во домот Твој, и нека ја истриже таа главата своја и нека ги исече ноктите свои, |
13. | нека ја соблече ропската облека, нека живее во домот твој, и да го оплакува таткото свој и мајката своја цел месец; потоа можеш да влезеш при неа, и да и станеш маж, и таа да ти биде жена. |
14. | Ако, пак, отпосле таа не ти е по воља, отпушти ја, но не продавај ја за сребро, ниту ја имај за робинка, зашто ти си ја унижил. |
15. | Ако некој има две жени - едната омилена, а втората несакана, па тие и двете му родат синови и ако првородениот син му е од несаканата жена, |
16. | тогаш, при поделбата на имотот ме у синовите, тој не може да даде првенство на синот од омилената жена, место на првородениот од несаканата, |
17. | туку е должен да го признае за свој првенец синот од несаканата жена и нему да му даде двоен дел од сиот имот, бидејки тој е почеток на неговата сила; нему му се па а правото на првородство. |
18. | Ако некој има буен и непокорен син, којшто не го слуша гласот на својот татко и гласот на својата мајка, па иако го казнувале, тој пак е непослушен, |
19. | тогаш татко му и мајка му нека го земат и одведат при старешините на градот и при вратите на своето местоживеење, |
20. | па нека им кажат на градските старешини: "Овој наш син е буен и непокорен, не ги слуша нашите совети, расипник е и пијаница;"- |
21. | тогаш сите мажи од градот негов нека го каменуваат до смрт; така исчистете го злото од самите себе, и другите ке чујат и ке се уплашат. |
22. | Ако некој направи грев, што заслужува смрт, па биде умртвен, и ти го обесиш на дрво, |
23. | телото негово да не пренокева на дрвото, туку погреби го истиот ден, зашто проклет е од Бога секој што виси на дрво, и не осквернувај ја земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава во наследство. |
← Deuteronomy (21/34) → |