← Deuteronomy (20/34) → |
1. | Кога ке излезеш во војна против непријателите твои и ке видиш коњи и многу лу е, повеке од тебе, не бој се од нив, бидејки Господ, твојот Бог, Кој те изведе од Египетската земја, е со тебе. |
2. | Кога, пак, ке влезете во борба, свештеникот нека се приближи и нека му зборува на народот, |
3. | и да му каже: ‘слушај, Израиле, вие денес влегувате во бој против вашите напријатели, да не ослабува срцето ваше, не бојте се, не збунувајте се и не отстапувајте од нив, |
4. | бидејки Господ, вашиот Бог, оди со вас, за да се бори за вас против вашите непријатели и да ве спаси.‘ |
5. | Надзорниците, пак, нека му речат на народот, и нека му кажат: кој изградил нова кука и не се вселил во неа, нека си оди и да се врати во домот свој, за да не умре во бојот, а друг да се настани во неа; |
6. | и кој насадил лозје и не го обрал, нека си оди и нека се врати во домот свој, за да не умре во бојот, а друг да собере се; |
7. | и кој се свршил и не се оженил, нека си оди и нека се врати во домот свој, за да не умре во бојот, а друг да ја зема свршеницата негова.‘ |
8. | Надзорниците нека му кажат уште на народот и нека му речат: ‘кој е плашлив и малодушен, нека си оди и нека се врати во домот свој, за да не ги направи плашливи срцата на браката свои, како неговото срце.‘ |
9. | Откако надзорниците ке му го кажат тоа на народот, да изберат воени началници и водач на народот. |
10. | Кога ке се приближиш до некој град, за да го преземеш, предложи му мир. |
11. | Ако се согласи на мир со тебе и ти ги отвори портите, целиот народ што се нао а во него, ке ти плака данок и ке ти работи. |
12. | Ако, пак, не се согласи на мир со тебе, и почне да војува против тебе, опколи го; |
13. | и, кога Господ, твојот Бог, ке го предаде во рацете твои, погуби со сечилото на мечот се што е машко кај него; |
14. | само жените и децата, добитокот и се што има во градот, запленете го за себе и користи се со пленот на непријателите свои, кои Господ, твојот Бог, ти ги предал. |
15. | Така постапи со сите градови, што се многу далеку од тебе, а кои не се градови на тие народи. |
16. | Но во градовите на оние народи, кои Господ, твојот Бог, ти дава да ја наследиш земјата нивна, не оставај ни една жива душа, |
17. | туку предај ги на заклетва: Хетејците, Аморејците, Хананејците, Ферезејците, Јевусејците и Гергесејците, како што ти беше заповедал Господ, твојот Бог, |
18. | за да не ве научат да ги правите сите нивни гнасотии, какви што им правеле тие на своите богови, за да не грешите и вие пред Господа, вашиот Бог. |
19. | Кога опсадуваш долго време некој град, за да го преземеш и завладееш, не сечи ги дрвјата негови, кои се во шумата, туку користи ги плодовите нивни за храна, и не опустошувај ја околината, бидејки дрвото во полето не е човек, за да избега од тебе во тврдината; |
20. | но оние дрвја, за кои знаеш дека не даваат никакви плодови, можеш да ги повредуваш и сечеш и од нив да правиш скало за градот, кој ти објавил војна, се додека не го покориш. |
← Deuteronomy (20/34) → |