← Deuteronomy (18/34) → |
1. | Да нема дел и наследство во Израилот за свештениците левити, во целото племе Левиево; тие треба да јадат од жртвите за Господа, |
2. | дел од нив нема да има ме у браката негови: Самиот Господ е негов дел, како што му рече Он. |
3. | Еве, што треба да биде определено за свештениците од народот, од оние, што принесуваат жртва теле или овца; на свештеникот треба да му се дава рамото, главата и утробата; |
4. | давај му исто така и првина од пченицата твоја, од виното твое и од елејот твој, и првината од стригот на овците твои, |
5. | бидејки Господ, твојот Бог, него го избра од сите твои племиња да претстои пред Господа, твојот Бог, да служи и да благословува во името Господово, тој и синовите негови во сите денови. |
6. | И ако левит некој дојде од некој од твоите градови, низ целата земја на Израилевите синови, каде што живеел тој, и по желба на душата своја дојде на местото, што ке го одбере Господ, |
7. | и почне да служи во името на Господа, својот Бог, како и сите негови брака левити, кои стојат таму пред Господа, |
8. | како храна нека добие еднаков дел, освен добиеното од продажбата на татковиот имот. |
9. | Кога ке влезеш во земјата, која Господ, твојот Бог, ти ја дава, да не свикнеш да правиш гнасотии, какви што вршеле тие народи; |
10. | да не се најде пред тебе човек што го тера синот свој или керката своја преку оган, заради очистување, или да претскажува, да гата, или како ма епсник, |
11. | чародеец, ни гледач на утробата, ниту, пак, што гледа по знаци, ни таков што повикува мртви; |
12. | зашто, секој, што го прави тоа, е гнасен пред Господа, и токму поради тие гнасотии Господ, твојот Бог, ги изгонува од пред тебе. |
13. | Биде непорочен пред Господа, твојот Бог; |
14. | зашто тие народи, што ти ги наследуваш, ги слушаат гатачите и претскажувачите, а тоа Господ, твојот Бог, не ти го дал. |
15. | Господ, твојот Бог, ке ти дигне пророк од браката твои, како мене, - Него слушајте Го, - |
16. | бидејки ти го молеше Господа, твојот Бог, при Хорив во денот на собранието, велејки: ‘да не го чујам во иднина гласот на Господа, нашиот Бог, и да не го видам повеке тој голем оган, за да не умрам.‘ |
17. | И ми рече Господ: добро е тоа, што ти го кажале; |
18. | Јас ке им издигнам пророк од браката нивни, каков што си ти, ке ги ставам зборовите Мои во устата Негова и Он ке им каже се, што Јас ке му заповедам; |
19. | а кој не ке ги послуша зборовите што ке говори оној Пророк од Мое име, Јас ке му се одмаздам. |
20. | Кој, пак, пророк ке се осмели да зборува од Мое име, она што не сум му заповедал да говори и оној што ке зборува од името на други богови, таквиот пророк да биде погубен. |
21. | Не ке си речеш во срцето свои: ‘како ке ги разбереме зборовите, што ни ги кажал Господ?‘ |
22. | Еве како ке ги дознаете: ако пророкот говори од името на Господа, и зборовите не се збиднат и не се исполнат, тогаш Господ не ги кажал тие зборови, туку ги кажал пророкот по своја гордост, - и не бој се од него. |
← Deuteronomy (18/34) → |