← Deuteronomy (15/34) → |
1. | Во седмата година проштавај! |
2. | И ова е заповед за простувањето: секој кој што дал на заем на ближниот свој, нека му го прости; целиот долг да не го бара од ближниот свој, или од братот свој, бидејки тоа е простување заради Господа, твојот Бог; |
3. | од ту инецот барај го она што го имаш кај него; а на братот твој прости му го долгот, |
4. | за да нема кај тебе сиромав; зашто Господ ке те благослови во онаа земја, која Господ, твојот Бог, ти ја дава како дел, за да ја добиеш во наследство. |
5. | Доволно е само да го слушаш гласот на Господа, твојот Бог, и да ги пазиш и да ги исполнуваш сите овие заповеди, кои денес ти ги заповедам; |
6. | зашто Господ, твојот Бог, ке те благослови, како што ти говорел, и ти ке даваш заем на многу народи, а самиот нема да земаш заем; и ке владееш со многу народи, а над тебе нама да владеат. |
7. | Ако, пак, имаш некој брат сиромав во еден од градовите твои, во земјата твоја, што Господ, твојот Бог, ти ја дава, не го одвракај срцето свое и не ја стискај раката своја пред твојот брат што има потреба, |
8. | туку отвори му ја раката своја и дај му заем, колку што му треба и колку што му недостасува; |
9. | пази се‘, да не влезе во срцето твое лукава мисла: па да речеш ‘наближува седмата година, година на простувањето‘ и да не стане окото твое злобно спрема твојот сиромав брат, што има потреба и да му откажеш; зашто тој ке повика против тебе пред Господа, и на тебе голем грев ке падне; |
10. | подај му драговолно заем, колку што сака и колку што му треба, а кога му даваш, да не ти се нажали срцето твое, бидејки Господ, твојот Бог, ке те благослови за тоа во сите твои работи и во се‘, што го вршат рацете твои; |
11. | зашто сиромаси ке има секогаш во земјата твоја; затоа и ти заповедам, велејки ти: отворај ја вратата твоја за твојот брат, за твојот беден и за оној што моли во земјата твоја; |
12. | ако ти се продаде твојот брат, Евреин, или Еврејка, тој треба шест години да ти работи, а седмата година пушти го на слобода; |
13. | кога, пак, го пушташ на слобода, не отпуштај го со празни раце, |
14. | туку дарувај го со нешто од овците твои, од пченицата твоја и од виното твое: дај му од она, со кое те благословил Господ, твојот Бог; |
15. | помни, дека и ти беше роб во Египетската земја, и Господ, твојот Бог, те ослободи; ете затоа и ти го заповедам денес ова. |
16. | Ако, пак, ти каже: ‘не сакам да си одам од кај тебе, зашто те засакав тебе и домот твој‘, бидејки ми е добро кај тебе, |
17. | земи шило и продупчи му го увото на степеникот пред вратата; и тој ке ти биде роб засекогаш. Така направи и со робинката твоја. |
18. | За да не ти биде тешко, поради тоа што си должен да го пушташ на слобода, бидејки тој ти изработил во текот на шесте години двојно повеке - отколку платен наемник, затоа Господ, твојот Бог, ке те благослови во се‘, што и да правиш. |
19. | Секое машко првородено, што ке се роди од говедата твои и од овците твои, посветувај го на Господа, твојот Бог: не работи со провородениот вол свој и не стрижи го првороденото од овците твои; |
20. | тоа јади го ти и челадта твоја пред Господа, твојот Бог, секоја година, на местото, што ке го одбере Господ, твојот Бог; |
21. | ако, пак, тоа биде со недостаток, - хромо, или слепо, или со некој друг недостаток, не принесувај го како жртва на Господа, твојот Бог, |
22. | но во градовите твои нека се јаде; нечист и чист може да јаде како што се јаде срна и елен; |
23. | само крвта не јади му ја: истурај ја на земја како вода. |
← Deuteronomy (15/34) → |