← Deuteronomy (12/34) → |
1. | Ова се наредбите и законите, што сте должни грижливо да ги исполнувате во земјата, која Господ, Бог на татковците, ви ја дава со жреб за сите денови, во кои ке живеете во таа земја. |
2. | Разрушете ги сите места, каде што народите им служеле на боговите свои; се‘ што ке земете по високите планини и височини и под секое разгранато дрво; |
3. | разурнете ги жртвениците нивни и скршете ги столбовите нивни, изгорете ги со оган дабовите нивни и здробете ги идолите на боговите нивни, сотрете го и името нивно од тоа место. |
4. | Да не Му правите такво нешто на Господа, вашиот Бог; |
5. | но обрнувајте се кон она место, кое Господ, Бог ваш, ке го избере од сите племиња ваши, за да го спомнувате името Негово да го призивате и да Го молите, и таму одете: |
6. | таму принесувајте ги своите сепаленици, жртвите ваши и првините ваши, заветите ваши, доброволните приноси, исповеданијата ваши, и првородените од воловите ваши и од овците ваши: |
7. | и таму јадете пред Господа, вашиот Бог, и веселете се вие и домовите ваши за се‘, приготвено од рацете ваши, со кое те благословил Господ, твојот Бог. |
8. | Таму не треба да правите се‘ онака, како што сега овде го правите, - секој, како што му се чини дека е добро; |
9. | зашто сега уште не сте влегле во местото на спокојот и во наследството, што Господ, вашиот Бог, ви го дава. |
10. | Но кога ке го преминете Јордан и ке се населите во земјата, која Господ, вашиот Бог, ви ја дава како дел, и кога ке ве успокои од сите непријатели ваши, што ве опкружуваат, и заживеете базбедно, |
11. | тогаш, во она место, што ке го одбере Господ, вашиот Бог, за да се призива таму името Негово, таму принесувајте се‘, што ви заповедам денес: сепаленици ваши, жртвите ваши, десетоците ваши, и првините од рацете ваши, и секој ваш избран дар, што ке Му го ветите на Господа, вашиот Бог. |
12. | И веселете се пред Господа, вашиот Бог, вие и синовите, керките ваши, робовите ваши, робинките ваши и левитите, кои се среде живеалиштата ваши, бидејки тие немаат дел и наследство со вас. |
13. | Гледај да не ги принесуваш сепалениците свои на секое место, што ке го видиш, |
14. | туку само на она место принесувај ги сепалениците свои, кое Господ, твојот Бог ке го одбере во едно од твоите племиња, и прави се‘ онака како што ти заповедам денес. |
15. | Зашто, кога и да посака душата твоја, можеш да колеш и да јадеш, по благослов од Господа, твојот Бог, месо, што ти го дал Он, во сите свои живеалишта: нечист при тебе и чист може да го јаде тоа како што се јаде срна и елен; |
16. | само крв не јадете, истурајте ја на земјата како вода. |
17. | Не треба да го јадеш во твоето живеалиште десетокот од твоето жито, твоето вино и твојот елеј од воловите твои, и од овците твои што си ги ветил, и од сите завети твои, што сте ги ветиле, и од доброволните приноси и од првините на рацете ваши, |
18. | но јади го пред Господа, твојот Бог, само на она место што го одбрал Господ, твој Бог, ти и синот твој, и керката твоја, и робот твој, и робинката твоја, и левитот, и придојдениот во градовите твои: и развесели се пред Господа, твојот Бог, во се‘ на што е ставена раката твоја. |
19. | Внимавај да не го заборавиш левитот за сето време додека си жив на земјата. |
20. | Кога ке ги рашири Господ, твојот Бог, пределите твои, како што ти беше говорел, и ти ке кажеш: ‘да јадам месо‘, зашто душата твоја ке посака да јаде месо, - тогаш јади месо, колку што ти сака душата твоја. |
21. | Ако биде далеку од тебе местото, што ке го избере Господ, твојот Бог, за да се призива името Негово таму, тогаш коли од воловите твои, и од овците твои, што ти ги дал Господ, твојот Бог, како што ти заповедав, и јади во градовите твои, колку што ти сака душата; |
22. | но јади ги така, како што се јаде срна и елен; нечист, како и чист при тебе можат да го јадат тоа. |
23. | Само пази добро, да не се јаде крвта, зашто крвта е душа: не ја јади душата заедно со месото; |
24. | на јади ја: истурај ја на земја како вода; |
25. | не јади ја, за да ти биде добро тебе и на синовите твои по тебе секогаш, ако вршиш што е добро и угодно пред очите на Господа, твојот Бог. |
26. | Само светите дарови твои, какви што ке ги имаш и заветите твои донесувај ги, и доа ај на она место, што ке го одбере Господ, твојот Бог, за да се призива таму името Негово; |
27. | и принесувај ги сепалениците твои: месо и крв, врз жртвеникот на Господа, твојот Бог; но крвта од другите твои жртви треба да биде изливана при жртвеникот на Господа, твојот Бог, а месото јади го. |
28. | Пази и слушај да ги извршуваш сите тие зборови, што ти ги заповедам, за ти биде добро тебе и на твоите синови по тебе довека, ако правиш добро и угодно пред Господа, твојот Бог. |
29. | Кога Господ, твојот Бог, ке ги истреби од лицето твое народите, кај кои одиш за да ја наследиш нивната земја, и, откако ја примиш во наследство и ке ги освоиш, ке се населиш во земјата нивна, |
30. | внимавај да не влезеш во стапица, кога ке тргнеш по нив, откако ке бидат истребени пред тебе, и да не ги бараш боговите нивни, велејки: ‘како што служеле тие народи на боговите свои, така ке правам и јас.‘ |
31. | Да не Му правиш така ти на Господа, твојот Бог; одвратно Му е на Господа што го прават тие на боговите свои, бедејки тие и синовите свои и керките свои ги горат на оган за своите богови. |
32. | Погрижи се да исполнуваш се‘, што ти го заповедам денес; не додавај кон тоа и не одземај од него. |
← Deuteronomy (12/34) → |