← Deuteronomy (11/34) → |
1. | И така, сакај Го Господа, твојот Бог, и внимавај - она што го заповедал да го пазиш, - и наредбите Негови, и законите Негови, и заповедите Негови во сите денови. |
2. | Па разберете сега, - бидејки јас не зборувам со синовите ваши, кои не ги знаат и не ги виделе казните од Господа, вашиот Бог, - Неговото величие, Неговата силна рака и Неговата цврста мишка; |
3. | чудесата Негови и делата Негови, што ги направи среде Египет со Фараонот, царот египетски, и со целата земја негова, |
4. | и она што го направи Он со египетската војска, со коњите и колите, што ги потопи Он во водите на Црвеното Море, кога тие ве гонеа, - и Господ Бог ги погубува дури и денес, - |
5. | и што направи Он за вас во пустињата, додека не дојдовте на тоа место, |
6. | и што направи Он со Датан и Авирон, синовите на Елиав, син Рувимов, кога земјата ја отвори устата и пред целиот Израил ги голтна нив и домовите нивни, и куките нивни и целиот имот, што го имаа; |
7. | зашто вашите очи ги видоа сите тие големи дела на Господа, што ги направи Он. |
8. | И така, пазете ги сите Негови заповеди, кои ви ги кажувам денес, за да бидете живи, да се намножите, па да отидете и да ја неследите земјата, сите кои преминувате преку Јордан, за да ја наследите; |
9. | и да живеете долго време во онаа земја, за која Господ им се заколна на татковците ваши дека ке им ја даде ним, и на поколенијата нивни, земјата, во која тече мед и млеко. |
10. | Зашто земјата, во кој одиш да ја наследиш, не е како Египетската земја, од која излеговте, каде што ти, одкако ке го посееше семето свое, ја напојуваше со нозете свои, како зеленчукова градина. |
11. | Земјата, пак, во која одите, за да ја наследите, е земја со планини, и се напојува со вода од небескиот дожд, - |
12. | земја, за која Господ, твојот Бог, се грижи: очите на Господа, твојот Бог, непрестајно се врз неа, од почетокот на годината и до крајот на годината. |
13. | Ако ги слушате заповедите Негови, кои ви ги кажувам денес, ако Го сакаш Господа, твојот Бог, и Му служиш од сето срце твое и од сета душа твоја, |
14. | Он ке и‘ даде на земјата твоја дожд навреме, ран и доцен, и ти ке го собираш житото свое виното свое и елејот свој; |
15. | И ке му даде трева на полето твое за твојот добиток и ти ке јадеш и ке бидеш сит. |
16. | Но пази, да не се соблазни срцето твое, па да пристапите и да им служите на други богови и да им се клањате; |
17. | зашто тогаш ке се разгори гневот на Господа врз вас, и Он ке го затвори небото; и нема да има дожд, и земјата нема да го даде својот плод и вие брзо ке исчезнете од добрата земја, која Господ ви ја даде. |
18. | И така, ставете ги овие зборови Негови во срцето свое и во душата своја, врзете ги на раката своја како знак, и нека бидат тие врзулка ме у очите ваши; |
19. | учете ги синовите свои на нив, кажувајте им за нив, кога седиш дома и кога си на пат, кога си легнуваш и кога стануваш; |
20. | и напишете ги врз входот на куките ваши и над вратите свои, |
21. | за да се умножат вашите денови и деновите на вашите деца во онаа земја, за која Господ се заколна дека ке им ја даде на татковците ваши, колку што небото ке биде над земјата. |
22. | Зашто, ако ги пазите сите тие заповеди, што ви ги кажувам и ги исполнувате, ако Го сакате Господа, вашиот Бог, ако одите по сите патишта Негови и се приврзете кон Него, |
23. | тогаш Господ ке ги изгони сите тие народи од пред вас, и вие ке владеете со народи, што се поголеми и посилни од вас; |
24. | секое место, на кое ке стапи ногата ваша, ке биде ваше: вашите предели ке бидат од пустињата и Антиливан, и од големата река Еуфрат, дури до морето, кое е на запад. |
25. | Никој нема да ви се противстави вам: Господ, вашиот Бог, ке испрати страв и трепет пред вас врз секоја земја, на која што ке стапнете, како што ви говореше Он. |
26. | Ете, јас ви давам денес благослов и клетва; |
27. | благослов - ако ги послушате заповедите на Господа, вашиот Бог, што ви заповедам денес, |
28. | а клетва - ако не ги послушате заповедите на Господа, вашиот Бог, и се отстраните од патот, што ви го кажувам денес, и тргнете по други богови, што не ги знете. |
29. | Кога ке те воведе Господ, твојот Бог, во онаа земја во која одиш да ја наследиш, тогаш искажи благослов од планината Гаризин, а проклетство од планината Гевал. |
30. | Тие планини се од онаа страна на Јордан, по патот кон зајдисонце, во земјата на Хананејците, кои живеат во рамнината, спроти Галгал, близу до високиот даб! |
31. | Зашто вие го поминувате Јордан, за да отидете да ја наследите земјата, која ви ја дава Господ, вашиот Бог, со жреб, за секогаш; примете ја и населете се во неа. |
32. | И така, почнете да ги пазите сите Негови наредби и закони, што ви ги предавам денес. |
← Deuteronomy (11/34) → |