Deuteronomy (1/34) → |
1. | Ова се зборовите што му ги кажа Мојсеј на сиот Израил од онаа страна на Јордан во пустињата на запад спрема Суф, ме у Фаран и Тофол, Ловон и Авлон и рудниците на злато; |
2. | а од Хорив, преку планината Сир, до Кадис-Варни има единаесет дена пат. |
3. | На четириесеттата година, на единаесеттиот месец, во првиот ден од месецот, им кажа Мојсеј на сите синови Израилеви се, што му беше заповедал Господ за нив. |
4. | Откако го порази аморејскиот цар Сион, кој живееше во Есевон, и васанскиот цар Ог, кој живееше во Астарот, во Едраин, |
5. | од онаа страна на Јордан, во земјата Моавска, Мојсеј почна да го објаснува тој закон и рече: |
6. | "Господ, Бог наш, ни говореше на Хорив и рече: ‘Доста живеевте во таа планина; |
7. | свртете се и кренете, па слезете во гората на Аморејците и при сите нивни соседи, по рамнината, по планините и на југ и во приморската земја Хананска и во Антиливан, дури до големата река, реката Еуфрат! |
8. | Ете, ви ја давам таа земја, одете, земете ја земјата во наследство, која Господ со клетва им вети дака ке им ја даде на татковците ваши - на Авраама, Исака и Јакова, ним и на потомството нивно. |
9. | И јас ви реков во она време: ‘Не можам сам да ве водам; |
10. | Господ, вашиот Бог, ве умножи, и еве, вие сте сега многубројни како sвездите небески: |
11. | Господ, Бог на татковците ваши, нека даде да се намножите и иљадапати повеке, отколку што сте сега и нека ве благослови, како што ви говореше! |
12. | Како ке ги носам сам страдањата ваши, тежините ваши и расправиите ваши? |
13. | Изберете си сперед вашите племиња лу е мудри, разумни и искусни, а јас ке ви ги поставам за началници. |
14. | Вие ми одговоривте тогаш и рековте: ‘Тоа е добро што велиш да го направиме." |
15. | И зедов од вас мажи мудри, разумни и искусни, и ги поставив за началници над вас: иљаданачалници, стоначалници, педесетначалници, десетначалници и записничари кај судиите ваши. |
16. | И им заповедав на судиите ваши во тоа време, и реков: ‘Ислушувајте ги браката свои и судете справедливо како човек спрема брат, така и неговиот придојден; |
17. | Во судот не правете разлика ме у лицата, ислушувајте го и малиот, и големиот: не плашете се од лицето човечко, бидејки судот е Божји; а ако имате дело, кое е тешко за вас, обрнете се до мене, и јас ке го ислушам.‘ |
18. | И во тоа време ви заповедав за се‘ што треба да правите. |
19. | И откако тргнавме од Хорив, одевма по целата таа голема и страшна пустиња, што ја видовте, по пат кон Аморејската планина, како што беше заповедал Господ, нашиот Бог, и стигнавме во Кадис-Варни. |
20. | Тогаш јас ви реков: ‘Вие стигнавте на Аморејската планина, која Господ, Бог наш, ви ја дава; |
21. | ете, Господ, Бог ваш, ви ја предаде оваа земја; што ке влезете, земете ја во владение, како што им рече Господ, Бог на вашите татковци: не бојте се и не плашете!‘ |
22. | Но вие сите дојдовте при мене и рековте: ‘Да испратиме пред нас лу е, да ја разгледаат земјата и да ни донесат известување за патот по кој ке одиме, и за градовите, во кои ке влеземе." |
23. | Ми се свидоа тие зборови, а јас зедов од вас дванаесет души, по еден човек од секое племе. |
24. | Тие тргна, се качија на планината, дојдоа до долината со лозја и ја разгледаа; |
25. | па зедоа во рацете свои плодови од земјата, ни донесоа, и не‘ известија, велејки: ‘Добра е земјата, што Господ, Бог наш, ни ја дава.‘ |
26. | Но вие не сакавте да одите и се оглушивте од заповедта на Господа, вашиот Бог, |
27. | и возроптавте во шаторите свои, велејки: ‘Господ, од омраза спрема нас, не‘ изведе од земјата Египетска, за да не‘ предаде во рацете на Аморејците и да не истреби; |
28. | како ке одиме?‘ Вашите брака ве обесхрабрија, велејки: ‘оној народ е поголем, поброен и посилен од нас, таму градовите се поголеми и оградени со sидови до небеса, па и лу е исполини видовме таму.‘ |
29. | Тогаш јас ви реков: ‘Не ужасувајте се и не плашете се од нив; |
30. | Господ, Бог ваш, оди пред вас; Он ке се бори за вас, исто онака, како што ви направи вам во Египет, пред очите ваши. |
31. | И во оваа пустиња, како што видовте, Господ, Бог твој те пазеше, како што човек го пази синот свој, по целиот пат, по кој минавте, додека стигнавте на ова место.‘ |
32. | Но и при тоа вие на Му верувавте на Господа, вашиот Бог, |
33. | Кој одеше пред вас по патот, за да ви одбере место, каде да запрете - ноке се оган, за да ви го сочува патот по кој одите, а дење со облак. |
34. | И кога Господ Бог ги чу зборовите ваши, се разгневи, и се заколна, велејки: |
35. | ‘Никој од овие лу е, нема да ја види добрата земја, за кој им се заколнав на татковците нивни, дека ке им ја дадам, |
36. | освен Халев, Јефониевиот син, тој ке ја види; нему ке му ја дадам земјата, во која влезе, и на синовите негови, зашто Му се покоруваше на Господа.‘ |
37. | Господ се разгневи и на мене заради вас, велејки: ‘И ти нема да влезеш таму; |
38. | Иисус, синот Навинов, кој е при тебе, тој ке влезе таму; него поткрепи го; тој ке му ја даде на Израилот во наследство; |
39. | и децата ваши, за кои говоревте, дека ке станат плен на непријателите, и синовите ваши, кои засега не знаат што е добро, и што зло, тие ке влезат таму, ним ке им ја дадам, и тие ке ја наследат.‘ |
40. | А вие свртивте и тргнавте кон пустињата, по патот кон Црвеното Море. |
41. | Вие одговоривте тогаш и ми рековте: ‘Згрешивме пред Господа, нашиот Бог; ке одиме и ке се бориме како што ни беше заповедал Господ, Бог наш.‘ И вие го опашавте секој бојното оружје свое, па се собравте и се искачивте на планината.‘ |
42. | Но Господ му рече - кажи им: ‘Не одете и не војувајте, зашто Јас нема да бидам ме у вас, за да не бидете разбиени од непријателите ваши.‘ |
43. | И јас ви го кажав тоа, но вие не ме послушавте и ја престапивте Господовата заповед и своеволно се искачивте на планината. |
44. | Тогаш излезе против вас Амореј, кој живееше во таа планина, и ве прогна, како што правата пчелите, и ве разбиваше од Сир дури до Хорма. |
45. | Вие тогаш се вративте и почнавте да плачете пред Господа, но Господ не го чу плачот ваш и не ве послуша. |
46. | и останавте во Кадис многу време, колку што бевте таму." |
Deuteronomy (1/34) → |