← Daniel (8/12) → |
1. | Во третата година од царувањето на царот Валтазар, јас Даниил, имав второ видение по оние што ми се беа јавиле порано. |
2. | И видов во видението, и кога гледав, јас бев во Суза, престолнината на Еламската област, и видов во видението како да бев при реката Улај. |
3. | Ги кренав очите и видов: а таму при реката стои еден овен: тој имаше два рога и рогови високи, но едниот беше повисок од другиот и повисокиот се извиши подоцна. |
4. | Видов како тој овен бодеше кон запад, кон север и кон југ и ниеден sвер не можеше да устои против него, и никој не можеше да се избави од него; тој вршеше што сакаше и се осили. |
5. | Со внимание го гледав тоа и ете, од запад идеше еден козел, кој ја изоди целата земја, не допирајки се до неа; и тој козел имаше знаменит рог ме у очите свои. |
6. | Се впушти врз оној овен што имаше рог и кога го видов како стои крај реката, тој се фрли врз него со силна јарост. |
7. | И видов кога тој се приближи до овенот, свирепи се фрли на него и му ги скрши двата рога; и на овенот не му стигаа силите да устои против него, па затоа го кутна на земја и го згази, и немаше никој овенот да го избави од него. |
8. | Тогаш козелот многу се возгордеа; но кога се засили, големиот рог му се скрши и на тоа место му изникнаа четири, свртени спрема четирите ветра небесни. |
9. | И од едниот од нив излезе среден рог, кој нарасна многу спрема југ и спрема исток и спрема убавата страна, |
10. | па се издигна до небесната војска, собори на земјата дел од таа војска и од sвездите и ги смачка; |
11. | се издигна дури и над Водачот на таа војска, Му ја одзеде секојдневната жртва и го урна местото на Неговата светиња; |
12. | и војската беше предадена заедно со секојдневната жртва поради бесчестието; а тој, откако ја собори вистината на земајта, дејстуваше и успеваше. |
13. | И чув еден од светиите да зборува, и тој светија му рече на еден кој прашуваше: "До кога ке трае тоа видени за секојдневната жртва и за бесчесното опустошување, кога светлината и војската беа стапкани?" |
14. | И ми рече: "Две иљади и триста вечери и утрини; и тогаш светилиштето ке се очисти." |
15. | И кога јас, Даниил, го гледав тоа видение и замолив за неговото значење, ете пред мене застана некаков лик на човек. |
16. | И чув од средината на Улај човечки глас, кој извика и рече: "Гаврииле, објасни му го тоа видение!" |
17. | И се приближи тој до местото каде што стоев и кога дојде, јас се уплашив и паднав ничкум; а тој ми рече - знај сине човечки дека видението се однесува на крајот од времето. |
18. | И кога зборуваше тој со мене, јас лежев ничкум на земјата без чувства; но тој се допре до мене и ме постави на моето место, |
19. | па ми рече: "Еве ти откривам што ке биде во последните денови на гневот; зашто тоа се однесува на крајот од определеното време. |
20. | Овенот со двата рога што ги виде тоа се мидијскиот цар и персискиот. |
21. | А косестиот козел е царот на Грција, додека големиот рог што се нао а ме у неговите очи, тој е нејзиниот прв цар: |
22. | тој е здробен и место него излегоа други четири: тоа се четирите царства што ке се издигнат од тој народ, но не со негова сила. |
23. | А кон крајот на царството нивно кога отстапниците ке ја исполнат мерката на своите беззаконија, ке се издигне еден цар бесремен и искусен во сплеткарење; |
24. | неговата мок ке се зацврсти, иако не со неговата сила; тој ке врши чудни пустошења и ке успева, ке дејствува и ке погубува јунаци и народи на светиите; |
25. | со умот негов ке напредува и сплеткарството во раката негова; во срцето ке се возгордее и во мирно време ке погуби мнозина; тој ке се крене против Кнезот над кнезовите, но ке биде победен - не со рака. |
26. | А видението за вечерта и утрината за кое ти се рече е вистинско, но ти сокри го тоа видение оти се однесува на далечни времиња." |
27. | Јас, Даниил, истоштен и болен бев неколку дни, потоа станав и почнав да се занимавам со царските работи; се чудев на тоа видение и не го разбирав. |
← Daniel (8/12) → |