← Daniel (7/12) → |
1. | Во првата година на Валтазара, вавилонскиот цар, Даниил виде сон пророчки и виденија во главата своја врз своето легло. Тогаш тој го запиша тој сон, откако го забележа главното. |
2. | И почна да зборува Даниил, па рече: "Видов во нокното свое видение, а таму, четири небесни ветра се бореа над големо море, |
3. | и четири големи sвера излегоа од морето, секој поинаков од другиот. |
4. | Првиот беше како лав, но со криља орлови: гледав додека не му ги искубаа криљата и потоа беше кренат од земјата, се исправи на нозете како човек и му се даде човечко срце. |
5. | И ете, уште еден sвер, втор, сличен на мечка, стоеше од едната страна и имаше три ребра во устата негова, ме у забите; нему му беше речено ова: "стани и јади многу месо!" |
6. | Потоа видов, пак, уште еден sвер, како леопард: на грбот имаше четири криља од птица, и четири глави имаше тој sвер, и му беше дадена власт. |
7. | Потоа видов од нокните виденија и ете, четврти sвер, страшен и ужасен и многу силен; имаше големи железни заби; тој јадеше и здробуваше, а остатоците ги газеше со нозете; тој се разликуваше од сите поренешни sверови, и имаше десет рогови. |
8. | Ги гледав тие рогови, и ете, ме у нив се појави уште еден мал рог, а три од првите рогови беа со корен, истргнати пред него, на тој рог имаше очи, како човечки очи, и уста што зборува надуено. |
9. | Видов најпосле дека се поставија престоли и седна Старец; облеклото му беше бело како снег, а косата на главата Негова како чиста волна; престолот Негов личеше на огнен пламен, а тркалата му беа како оган што пламти. |
10. | Река огнена излетуваше и минуваше пред Него; иљада иљади му служеа, и десетина иљади по десет иљади стоеја пред Него; седнаа судиите и книгите се отворија. |
11. | Тогаш видов дека за искажаните горди зборови, што рогот ги говореше, sверот беше убиен пред очите мои и телото негово смачкано и предадено на оган за да изгори. |
12. | И од другите sверови власта беше одземена и животот нивни се продолжи само до извесно време и до рок. |
13. | Видов во нокните виденија, а тоа на небесните облаци како да идеше Синот Човечки, дојде до Старецот и застана пред него. |
14. | И Нему Му се даде власт, слава и царство, за да Му служат сите народи, племиња и јазици; владението Негово е владение вечно, кое нема да измине, и царството Негово нема да се разруши. |
15. | Духот мој затрепери во мене, Даниила, во телото мое и виденијата на главата моја се смутија. |
16. | Се приближив до еден од оние што стоеја напред и го прашав за вистинското значење на сето тоа, и тој почна да зборува со мене и ми ја објасни смислата на реченото: |
17. | "Овие големи sверови, четири на број, означуваат дека четири цара ке се издигнат од земјата. |
18. | Потоа, светиите на Севишниот ке го земат царството и ке владеат со него и во веки веков." |
19. | Тогаш замолив точно објаснување за четвртиот sвер што се разликуваше од сите и кој беше многу страшен, со железни заби и бакарни нокти изедуваше и трошеше, а остатоците ги газеше со нозете, |
20. | и за десетте рогови што беа на неговата глава и за другиот што се појави, пред кој паднаа трите, за оној ист рог, на кој имаше очи и уста што зборуваа гордо и како да стана поголем од другите. |
21. | Видов како тој рог водеше борба со светиите и ги надвиваше, |
22. | додека најпосле не дојде Старецот по определени дни и судот беше даден на светиите од Севишниот, па настапи време светиите да го завладеат царството. |
23. | Освен тоа тој рече: "Четвртиот sвер го означува четвртото царство што ке постои на земјата, различно од сите царства и што ке ја изеде целата земја, ке ја гази и ке ја измачува. |
24. | А десетте рогови значат дека од тоа царство ке се кренат десет цареви и потоа ке се појави друг, поинаков од поренешните и ке ги покори трите цара. |
25. | И против Севишниот ке зборува и ке ги угнетува светиите на Севишниот; дури ке си помисли да ги измени времињата нивни и закони, па и тие да бидат предадени во раката негова за време и за времиња и за половина време. |
26. | Потоа ке седнат судиите и ке ја одземат од него власта да погубува и да истребува до крај, |
27. | а царството и власта и царското величие по целиот поднебесен свод ке му се даде на народот од светиите на Севишниот, чие царство е царство вечно и сите големодостојници ке му служат и ке му се покоруваат нему." |
28. | Тука е крајот на овој збор. Мене, Даниила, силно ме возмутија размислувањата мои, и лицето ми се измени, но словото го запазив во срцето свое. |
← Daniel (7/12) → |