← Daniel (6/12) → |
1. | Му се свиде на Дарија на царството да постави сто и дваесет сатрапи за да бидат управители во целото царство. |
2. | А над нив тројца кнезови, од кои еден беше Даниил - на кого сатрапите ке му даваат сметка, за да не биде царството претоварено. |
3. | Даниил ги надминуваше другите кнезови и сатрапи, бидејки во него имаше висок дух, и царот веке се мислеше да го постави над целото царство. |
4. | Тогаш кнезовите и сатрапите смислија предлог да го обвинат Даниила во управувањето со царството, но никако не можеа да најдат повод, ниту пак грешка, бидејки тој беше верен и немаше никаква погрешка ни вина. |
5. | Но тие лу е рекоа: "Нема да најдеме причина против Даниила, ако не најдеме против него нешто во Законот на неговиот Бог." |
6. | Тогаш тие кнезови и сатрапи отидоа при царот и му рекоа вака: "Царе Дарие, жив да си довека! |
7. | Сите кнезови во царството, намесниците, сатрапите, советниците и воените началници се согласија поме у себе да се издаде царска наредба и да се објави заповед: секој што во текот на триесет дена ке се моли на кој и да било бог или човек, освен на тебе, царе, него да го фрлат во лавовска јама. |
8. | И така, утврди го царе тоа решение и потпиши ја наредбата за да не се изменува, како закон Мидијански и Персијски и да не биде нарушен." |
9. | Царот Дариј го потпиша решението и заповедта. |
10. | А Даниил, штом разбра дека е потпишана таква повелба, отиде во домот свој. Прозорците на неговата дворна соба му беа отворени спрема Ерусалим, тој трипати во текот на денот ги приклонуваше колената свои и му се молеше на својот Бог и Го славословеше, како што го правеше тоа и порано. |
11. | Тогаш тие лу е, демнејки го, го најдоа Даниила дека се моли и бара милост пред својот Бог; |
12. | потоа отидоа и му кажаа на царот за царската заповед: "Нели ти потпиша повелба дека секој човек, кој во текот на триесет дена ке му се моли на кој и да било бог или човек, освен на тебе, царе, да биде фрлен во лавовска јама?" Царот одговори и рече: "Тој збор е цврст како и законот на Мидијаните и Персијанците, што не допушта измени." |
13. | Тогаш тие одговорија и му рекоа на царот: "Даниил, кој е од заробените синови од Јудеја, не обрнува внимание ни на тебе, царе, ниту на повелбата која си ја потпишал, туку по трипати на ден се моли со свои молитви." |
14. | Царот кога го чу тоа, многу се јадоаса и си стави при срце да го спаси Даниила и дури до зајдисонце многу размислуваше да го избави. |
15. | Но оние лу е дојдоа при царот и му рекоа: "Царе, знај дека според законот на Мидјаните и Персијците ниедно решение или заповед, потврдено од царот не може да се измени." |
16. | Тогаш царот заповеда, и го доведоа Даниила, па го фрлија во лавовската јама; тогаш царот му рече на Даниила: "Твојот Бог, Кому без престан Му служиш, Он нека те избави! |
17. | Па донесоа камен, го ставија врз отворот на јамата, и царот го запечати со својот прстен и со прстењата на великодостојниците свои, за да не се измени ништо по однос на Даниила. |
18. | Потоа царот си отиде во својот двор, легна да спие без вечера, па дури и порача да не му донесат храна, но сонот бегаше од него. |
19. | А утредента царот стана во зори и брзо се упати кон лавовската јама; |
20. | и кога се приближи до јамата, со нажален глас го повика Даниила и му рече: "Данииле, слуго на живиот Бог! Твојот Бог, Кому без прекин Му служиш, може ли да те избави од лавовите?" |
21. | Тогаш Даниил му одговори на царот: "Царе, да си жив довека! |
22. | Мојот Бог го испрати својот ангел и им ја затвори устата на лавовите, така што тие не ме повредија, оти јас излегов пред Него чист, па и пред тебе, царе, не сум извршил никаков престап." |
23. | Тогаш царот многу се зарадува за Даниила и заповеда да го извадат од јамата; го извадија Даниила од јамата, и никаква повреда не се забележа на него, отои тој веруваше во својот Бог. |
24. | Царот заповеда, па ги доведоа оние лу е, што го обвинуваа Даниила, и ги фрли во лавовската јама, како нив самите, така и децата нивни и жените нивни и уште не беа стигнале до дното на јамата, лавовите ги беа зграбиле и им ги беа здробиле сите нивни коски. |
25. | Потоа царот Дариј им напиша на сите народи, племиња и јазици кои живееја по целата земја: "Мирот да ви се умножи! |
26. | Издавам повелба во секоја област на царството мое да треперат и да се плашат пред Данииловиот Бог, зашто Он е Бог жив и вечно живее, а царството Негово е непобедливо, и Неговото владение е бескрајно. |
27. | Он избавува и спасува, прави чудеса и знаци по небото и земјата; Он го избави Даниила од силата на лавовите." |
28. | И така Даниило живееше добро и за царувањето на Дариј, а и во царувањето на Кир Персиски. |
← Daniel (6/12) → |