← Daniel (4/12) → |
1. | "Царот Навуходоносор до сите народи, племиња и јазици што живеат по земјата - мирот да ви се умножи! |
2. | Угодно ми е да ве известам за знаците и чудесата кои Севишниот Бог ги изврши над мене. |
3. | Колку се големи знаците Негови и колку се силни чудесата Негови! Царството Негово е Царство вечно, и владеењето Негово - од род во род." |
4. | Јас, Навуходоносор, бев спокоен во својот дом и напредував во се. |
5. | Но видов сон што ме уплаши, и размислувањата врз леглото мое и виденијата на главата моја ме смутија. |
6. | Па дадов заповед да ги доведат при мене сите мудреци вивилонски за да ми кажат што означува сонот. |
7. | Тогаш дојдоа јасновдците, ма епсниците, Халдејците и гледачите и јас им го кажав сонот, но тие не можеа да ми објаснат што значи. |
8. | Последен влезе при мене Даниил, чие име беше Валтазар - според името на мојот бог, и во кого е духот на Бога светецот; нему му го кажав сонот. |
9. | Валтазаре, глава на мудреците, знам дека е во тебе духот на Бога светецот и дека никаква тајна тебе не ти престставува; објасни ми го видението на мојот сон што го видов и што значи. |
10. | А виденијата на мојата глава врз леглото мое беа вакви: видов, ете, во средината на земјата дрво многу високо. |
11. | Големо беше тоа дрво и цврсто, а височината негова достигаше до небото, и се гледаше од сите краишта на целата земја. |
12. | Лисјата негови - многу убави, и плодовите на него - многубројни, и храна на него имаше - за сите; под него нао аа сенка sворовите полски, а по гранките негови си правеа гнезда птиците небески и од него се хранеше секое суштество. |
13. | И видов виденија на главата моја врз леглото мое, а тоа, од небесата слезе Будниот и Светиот. |
14. | Откако извика високо, Он рече: ‘Исечете го тоа дрво, искастрете ги гранките негови, истресете ги лисјата од него и расфрлете ги плодовите негови; нека избегаат sверовите од под него и птиците од под гранките негови; |
15. | но коренот оставете го во земјата, и во вериги железни и бакарни ме у полската трева нека се напојува со росата небеска и со животните нека биде делот негов во земјата. |
16. | Срцето човечко ке му се одземе и ке му се даде срце sверско и над него ке минат седум времиња. |
17. | По заповед на Будниот така е определено и по пресуда од светиите така е одредено за да знаат живите дека Севишниот владее над човечкото царство и го дава кому сака и поставува над него понизени ме у лу ето.‘ |
18. | Таков сон видов јас, царот Навуходоносор; а ти Валтазаре, кажи што означува сонот, бидејки никој од мудреците во моето царство не може да објасни што значи тој, а ти можеш, оти во тебе е духот на Бога светецот." |
19. | Тогаш Даниил, чие име беше Валтазар, остана занесен околу еден час и мислите негови му беа збркани. Царот прв почна да зборува и рече: "Валтазаре, да не те смутува овој сон и значењето негово." Валтазар одговори и рече: "Господару мој, овој сон нека биде за твоите завидливци, а значењето негово е - за твоите непријатели. |
20. | Дрвото што си го видел кое беше големо и цврсто, и со височината достигало до небесата и се гледало по целата земја, |
21. | на кое имало прекрасни лисја и многу плодови и храна за сите, под кое живееле полски sверови и во чии гранки виеле гнезда птици небески, |
22. | тоа си ти царе што си се возвеличил и укрепил, и величието твое пораснало и достигнало до небесата, а власта твоја - до краиштата на земјата. |
23. | А тоа што царот го видел Будниот и Светиот, Кој слегнал од небесата и рекол: - исечете го дрвото и уништете го, но главниот корен оставете го за во земјата и тој во вериги железни и бакарни ме у полската трева да се напојува со небеската роса и дел од него да биде заедно со полските sверови, додека не изминат над него седумте времиња, |
24. | еве што значи тоа царе, и ова е решението на Севишниот што ке го постигне мојот господар царот: |
25. | тебе ке те одведат од лу ето и ти ке живееш со sверовите полски, со трева ке те хранат како вол, со небеска роса ке се напојуваш и седумте времиња ке минат преку тебе, се додека не разбереш дека Севишниот владее над човечкото царство и го дава кому сака. |
26. | А тоа што е заповедано да остане главниот корен на дрвото, тоа значи дека твоето царство ке остане при тебе, кога ке разбереш дека има небесна власт. |
27. | Затоа царе нека ти биде благоугоден мојот совет: откупи ги гревовите свои со правда, и беззаконијата твои - со милосрдие спрема бедните; ете со тоа може да се продолжи твојот мир." |
28. | Сето тоа се збидна со царот Навуходоносор. |
29. | Откако минаа дванаесет месеци, одејки по царските дворци во Вавилон, |
30. | царот рече: "Зар не е величествен овој Вавилон, што го изградив како дом на царството со силата на мојата мок и за слава на моето величие!" |
31. | Тој збор беше во устата на царот, а од небото се чу глас: "За тебе зборуваат, царе Навуходоносоре - царството побегна од тебе! |
32. | И ке те одвојат од лу ето, па ке живееш со полските sверови; со трева ке те хранат како вол и седум времиња ке минат преку тебе се додека не узнаеш дека Севишниот владее над човечкото царство и дека го дава кому сака Он." |
33. | Венаш се исполни тој збор на Навуходоносора, и тој беше одведен од лу ето, јадеше трева како вол и телото негово се напојуваше само со росата небеска, така што коските му израснаа како кај лав и ноктите му беа како кај птиците. |
34. | "Но, откако се изврши тоа во оние дни, јас, Навуходоносор, ги кренав очите кон небото и разумот се врати во мене, па Го благословив Севишниот, Го восфалиф и Го прославив вечно Живиот, чие владение е вечно и чие царство е од род во род. |
35. | И сите што живеат на земјата ништо не значат; Он дејствува според Својата воља како во небесната војска, така исто и ме у живите на земјата и нема никој што би можел да се противи на раката Негова и да му рече: што направи Ти? |
36. | Во тоа време разумот се поврати во мене и кон славата на моето царство ми се поврати величината и поранешниот вид: тогаш ме побараа советниците мои, великодостоинствениците мои, и јас бев повторно издигнат на царствово свое, и величието мое уште повеке се издигна. |
37. | Сега јас, Навуходоносор, превознесувам слава и Го величам царот небесни чии сите дела се вистински и патиштата Негови праведни и Кој е силен да ги смири оние што одат гордо." |
← Daniel (4/12) → |