← Daniel (2/12) → |
1. | Во втората година од царувањето свое Навуходоносор сони сон, од кој духот му се смати и сонот побегна од него. |
2. | Па заповеда царот да ги повикаат гатачите и гледачите, ме епсниците и Халдејците за да му го протолкуваат сонот. Тие дојдоа и застанаа пред царот. |
3. | И им рече царот: "Сонив сон и духот ми се возбуди - сакам да знам што значи тој сон." |
4. | Тогаш Халдејците му рекоа на царот по арамејски јазик: "Царе, да си жив довека, кажи им го на слугите својот сон и ние ке објасниме што означува тој." |
5. | Одговори царот и им рече на Халдејците: "Сонот избега од мене; ако не ми го кажете сонот и што означува тој, ке бидете исечени на парчиња, и куките ваши ке биде претворени во урнатини; |
6. | ако, пак, ми го кажете сонот и што означува тој, од мене ке добиете дарови, награда и голема чест; па кажете ми го сонот и што означува тој!" |
7. | Тие повторно одговорија и рекоа: "Царот нека им го каже на слугите својот сон и ние ке објасниме што означува тој." |
8. | Одговори царот и рече: "Гледам дека вие сакате да добиете во време, оти гледате, дека сонот веке избегал од мене. |
9. | Бидејки не ми го кажувате сонот, вие секако имате некоја намера: се готвите да ми кажете лага и измама, додека мине времето; но кажете му на синот мој и тогаш ке знам дека вие можете да ми објасните и што значи тој." |
10. | Халдејците му одговорија на царот и рекоа: "На земјата нема човек што може да му го открие на царот сонот, и затоа ниеден цар, голем и силен, не побарал слично нешто од ниеден јасновидец, гледач и Халдеец; |
11. | сонот, што го бара царот, е толку тежок, што никој друг не може да му го открие на царот, освен боговите, кои не живеат со смртниците." |
12. | Царот се разгневи и се јадоса многу поради тој одговор, па заповеда да ги истребат сите вавилонски мудреци. |
13. | Кога излезе таа заповед да се убиваат мудреците, го побараа Даниила и другарите негови за да ги убијат. |
14. | Тогаш Даниил се обрна со претпазливост и мудрост кон Ариоха, началникот на царските телохранители, кој беше излезен да ги убива вавилонските мудреци, |
15. | и го праша Ариоха, а тој беше силен пред царот: "Зошто таква страшна заповед од царот?" Тогаш Ариох му ја прикажа на Даниила целата случка. |
16. | И Даниил појде кај царот и измоли да му даде време за да му го каже на царот толкувањето на сонот. |
17. | Даниил отиде дома и им ја кажа работата на своите другари Ананија, Мисаила и Азарија, |
18. | за да измолат милост од Бога небесни за таа тајна, па Даниил и другарите негови да не загинат заедно со другите мудреци вавилонски. |
19. | И тогаш тајната му беше откриена на Даниила во нокно време, и Даниил го благослови небесниот Бог. |
20. | И рече тогаш Даниил: "Нека е благословено името на Господа од века и до века, зашто во него има мудрост и сила. |
21. | Он ги менува времињата и годините, соборува цареви и поставува цареви, дава мудрост на мудри и знаење на разумни. |
22. | Он открива што е длабоко и сокриено, знае што има во темнината и светлината живее со Него. |
23. | Те прославувам и величам, Боже на татковците мои, затоа што ми даде мудрост и сила и ми го откри она, за што те молевме; оти Ти ни го откри сонот на царот." |
24. | Потоа Даниил отиде при Ариоха, кому царот му беше заповедал да ги убие мудреците вавилонски, влезе и му рече: "На убивајте ги мудреците вавилонски; одведи ме при царот и јас ке му откријам што означува сонот." |
25. | Тогаш Ариох веднаш го одведе Даниила кај царот и му рече: "При заробените синови на Јуда најдов човек кој може да му открие на царот што означува сонот." |
26. | Царот му рече на Даниила, кој беше преименован во Валтазар: "Можеш ли да ми го кажеш сонот што го видов и што означува тој?" |
27. | Даниил му одговори на царот и рече: "Тајната за која царот прашува не можат да му ја откријат на царот ни мудреците, ни ма апесниците, ни јасновидците ни гледачите. |
28. | Но на небесата има Бог, Кој открива тајни; и Он ке му отркие на царот Навуходоносор се што ке се збидне во последните денови. |
29. | Ти царе, на леглото свое си мислеше што ке се случи после, и Оној Кој отркива тајни, ти покажа што ке се случи. |
30. | А мене таа тајна ми се отрки, не за да бидам помудар од сите живи, туку за да му биде откриена на царот смислата, и за да ги узнаеш мислите на срцето свое. |
31. | Твоето видение, царе, е вакво; ете, некаков си голем, огромен беше тој лик, стоеше пред тебе во голема светлина, и погледот му беше страшен. |
32. | Главата на тој лик беше чисто злато, градите и рацете од сребро, додека стомакот и бедрата негови беа бакарни. |
33. | Потколениците железни, а нозете дел железни, дел глинени. |
34. | Ти го гледаше, додека еден камен не се откачи од планината сам, удри во идолот, во неговите железно - глинени нозе и го скрши. |
35. | Тогаш заедно се се раздроби: железото, глината, бакарот, среброто и златото станаа како прав на летно гумно; ветрот ги однесе, и трага од нив не остана, а каменот што го разби идолот стана колема планина и ја исполни целата земја. |
36. | Ете, тоа е сонот, а сега да кажам пред царот и што означува тој. |
37. | Ти царе, цар над царевите, кому небесниот Бог му подарил царства, власт сила и слава, |
38. | и во рацете твои ти ги предал сите човечки синови, каде и да живеат тие, сите sверови земни и птици небески и те поставил за господар над сите нив, - ти си таа златна глава. |
39. | По тебе ке се крене друго царство, помало од твоето, а и трето царство, бакарно, ке владее над целата земја. |
40. | А четвртото царство ке биде цврство како железо; оти како што железото троши и дроби се, така и тоа железо што крши се, ке дроби и ке уништува. |
41. | А тоа што си ги видел нозете и прстите на нозете направени дел од грнчарска глина и дел од железо, тоа царство ке биде разделено и во него ке остане само нешто од цврстината на железото, бидејки си видел железо, измешано со грнчарска глина. |
42. | И како што прстите на нозете беа дел од железо, а дел од глина, така и царството ке биде делум силно, а делум слабо. |
43. | А она, пак, што си видел железо, измешано со грнчарска глина, тоа значи дека тие преку човечкото семе ке се измешаат, но нема да се слеат едно со друго, како што железото не е слеано со глината. |
44. | И во деновите на тие царства небесниот Бог ке подиегне царство кое нема да се разруши никогаш, а тоа царство нема да биде предадено на друг народ; тоа ке ги победи и разруши сите царства, а само тоа ке остане вечно. |
45. | Бидејки ти виде дека каменот што падна од планината сам, го раздроби железото, бакарот, глината, среброто и златото. Великот Бог му даде на царот да разбере што ке се случи потоа. И верен е тој сон и точно е неговото толкување!" |
46. | Тогаш царот Навуходоносор падна ничкум и се поклони пред Даниила, па заповеда да му донесат дарови и благопријатни кадива; |
47. | и му рече царот на Даниила: "Навистина вашиот Бог е Бог над боговите и Господар на царевите, Кој открива тајни, штом ти можеше да ја откриеш оваа тајна!" |
48. | Тогаш царот го возвиши Даниила, му даде многу големи дарови и го постави над целата област вавилонска, како главен началник над сите мудреци вавилонски. |
49. | Но Даниил го замоли царот, и тој ги постави Седраха, Мисаха и Авденаго над работите од земјата вавилонска, а Даниил остана при царскиот двор. |
← Daniel (2/12) → |