← Daniel (12/12) |
1. | И во тоа време ке се крене Михаил, големиот кнез, кој ке ги брани синовите на твојот народ, и ке настане време тешко, какво што немало откако постојат лу ето, па се до денес; но ке се спасат во тоа време од твојот народ сите, кои ке се најдат дека се запишани во книгата. |
2. | И многумина од оние што спијат во земниот прав ке се разбудат - едни за живот вечен, а други за укор и срам. |
3. | И разумните ке сјајат како светила на небото, и оние што мнозина повратиле кон правда - како sвездите, во веки, засекогаш. |
4. | "А ти, Данииле, сокри ги овие зборови и запечати ја оваа книга до последното време; мнозина ке ја прочитаат и знаењето ке се умножи." |
5. | Тогаш јас, Даниил, погледав и ете пред мене стојат двајца други, еден од едната страна на реката, а друг од другата страна на реката. |
6. | Едниот му рече на човекот со ленена облака кој стоеше над реката: "Кога ке биде крајот на овие чудни работи?" |
7. | И чув, кога човекот со ленената облека, што се нао аше над реката, откако ја крена десната и левата рака кон небото, се заколна во вечно Живиот, дека сето тоа ке се изврши кон крајот на времето и времињата и полувремето и по завршувањето снемување сила на светиот народ. |
8. | Јас го чув тоа но не го разбрав, па затоа прашав: "Господаре мој, што ке биде потоа?" |
9. | Тој одговори: "Оди си Данииле, оти тие зборови се сокриени и запечатени до последното време. |
10. | Многумина ке се очистат, ке се избелат и ке бидат искушани; нечестивете ке почнат пак нечесно, и никој од нив нема тоа да го разбере, само мудрите ке разберат. |
11. | Од времето, кога ке се прекрати секојдневната жртва и ке се постави мерзоста на запустувањето, ке минат иљади и двесте и деведесет денови. |
12. | Блажен е оној што чека и ке дочека иљада и триста и триесет и пет дена. |
13. | А ти оди си во својот крај, па ке се успокоиш, и ке останеш да го добиеш својот дел со жреб до крајот на своите дни." |
← Daniel (12/12) |