← Daniel (11/12) → |
1. | И така, од првата година на Мидјанинот Дариј јас му станав помошник и поткрепа. |
2. | Сега ке ти ја кажам вистината: еве, уште тројца цареви ке се издигнат во Персија; потоа четвриот ке ги надмине сите со големо богатство, и кога ке го намножи богатството свое, ке ги крене сите против грчкото царство. |
3. | Потоа ке се појави силен цар, кој ке владее со гоелма власт и ке дејствува според својата воља. |
4. | Но, кога ке се издигне тој, царството негови ке се сруши и ке се раздели на четирите ветра небесни и нема да помине на неговите потомци, и не со таква власт, со која тој господареше; затоа што царството негово ке се растури и ке падне на други, а не на нив. |
5. | И јужниот цар ке се засили, и еден од кнезовите негови ке стане посилен од него и ке владее, и власта негова ке биде голема. |
6. | Но по неколку години тие ке се спријателат и керката на јужниот цар ке дојде при северниот цар за да ги среди правилно односите поме у нив; но таа нема да ја задржи силата во рацете свои, и нема да го оддржи нејзиниот род, туку тие ке бидат предадени, како таа, така и оние, што ке ја придружуваат; и родениот од неа, како и оние што и помагале во тоа време. |
7. | Но ке се издигне фиданка од коренот нејзин, ке дојде при војската, ке влезе во тврдините на северниот цар, ке дејствува во нив и ке се засили. |
8. | Дури и боговите нивни, идолите нивни заедно со скапите садови, сребрени и златни, ке ги однесе како плен во Египет и неколку години ке владее посилно од северниот цар. |
9. | И тој, ако и влезе во царството на јужниот цар, пак ке се врати во земјата своја. |
10. | Потоа, ке се вооружат синовите негови и ке соберат многубројна војска; а еден од нив брзо ке замине, ке поплави и ке замине, и потоа вракајки се, ке се бори со него до тврдината негова. |
11. | И јужниот цар ке се налути, па ке излезе да се удри со него, со северниот цар, и ке изведе голема војска и војската ке биде предадена во рацете негови. |
12. | Тогаш војската ке се охрбри, и срцето на царот ке се зарадува; тој ке собори многу иљади, но со тоа нема да стане посилен, |
13. | бидејки северниот цар ке се врати и ке изведе повеке војска од поранешната и по неколку години ке дојде со голема војска и со големо богатство. |
14. | Во тоа време мнозина ке станат против јужниот цар, и бунтовниците ме у синовите на твојот народ ке се кренат, за да се исполни видението, и ке паднат. |
15. | И ке дојде северниот цар, ке направи опкоп и ке го завладее укрепениот град, и нема да се додржат мишките на југ, ниту негоавта избрана војска: ке нема сила да се спротивствати. |
16. | И кој ке излезе во пресрет, ке дејствува според неговата воља и никој не ке може да устои пред него; и живеалиштето свое ке го псотави во славната земја, и таа ке настрада од раката негова. |
17. | И ке науми да навлезе во царството свое со сите сили, а и праведните со него, и ке го направи тоа; и ке му даде керка од жените свои за жена, за да го погуби, но таа намера нема да се исполни, и тој не ке има никаква корист од тоа. |
18. | Потоа ке го сврти лицето свое кон островите и ке завладее многу од нив; но еде водач ке го прекрати нанесениот срам од него и дури својот срам ке го префрли врз него. |
19. | Потоа ке го сврти лицето свое кон тврдините на својата земја, но ке се сопне, ке падне и нема да ги освои. |
20. | На негово место ке се издигне друг што ке прати даночник за да мине по царството на славата. Но и тој по неколку дни ке загине, и тоа не од востание, ниту во бој. |
21. | А на негово место ке се издигне презрениот, и нема да му дадат царски почести; но тој ке дојде без шум и со лаги ке го освои царството. |
22. | И напа ачите ке бидат потопени и победени од него, дури и кнезот со кого се поврзал. |
23. | Оти, откако стапи во сојуз со него, тој ке дејствува со измама и ке се искачи и ке се одржи на врвот со малку народ. |
24. | Тој ке влезе во мирни и плодни краишта и ке го изврши она што не го правеле татковците негови и татковците на татковците негови; пленот, заграбениот имто и богатството ке го троши како свое и за тврдините ке помислува, но само за некое време. |
25. | Потоа ке се охрабри духот негов и со многубројна војска ке се крене против јужниот цар; јужниот цар ке излезе во војна со голема и уште посилна војска, но нема да се додржи, оти против него ке има сплетки. |
26. | Дури и оние што јадат леб со него ке му станат убијци, и војската ке му се распушти, па така многумина ке паднат убиени. |
27. | Во срцето на двата цара ке има сплетки, и ке седнат на една трпеза и ке зборуваат лага, но нема ништо да се случи, зашто крајот е одложен до определеното време |
28. | и така ке се врати тој во својата земја со големо богатство и со непријателска замисла против светиот завет, и ке го исполни и ке се врати во земјата своја. |
29. | Во определеното време тој пак ке појде против југ, но последниот поход нема да биде како поранешниот, |
30. | бидејки истовремено со него ке дојдат китимските кораби, ке ослаби со духот и ке се врати, ке се озлоби против светиот завет и ке ја изврши својата намера и пак ке се договори со отстапниците од светиот завет. |
31. | И ке постави определен одред војска што ке го осквернува светилиштето на силата, ке ја укине секојдневната жртва и ке постави мерзост на запустување. |
32. | Со лукавство ке ги привлече кон себе оние што псотапуваат нечесно против заветот; но лу ето кој Го почитуваат својот Бог, ке се засилат и ке дејствуваат. |
33. | И разумните од народот ке вразумуваат мнозина, макар и некое време да страдаат од меч и оган, од ропство и грабеж. |
34. | И во времето на страдањето свое ке имаат извесна помош и мнозина ке се присоединат кон нив, но дволично - |
35. | и од разумните некои ке пострадаат за да ги испитаат, очистат, и обелат за последното време, зашто уште има време до рокот. |
36. | И ке постапува тој цар според својата воља, ке се крене и ке се возвеличи повисоко од секое божество, ке почне да хули на Бога над боговите и ке успева, се додека не се исполни гневот; зашто, она што е предопределено, тоа и ке се изврши. |
37. | За боговите на татковците свои нема ни да помисли, ни желба за жени нема да има, дури ни никакво божество нема да уважува, бидејки ке се возгордее погоре од сите. |
38. | Но ке укажува почест на бога што татковците негови не го знаеле, ке го чести со злато и сребро и драгоцени камења, место Бога кој е најсилен. |
39. | И ке изгради силна тврдина со ту бог: на оние, што ке го признаваат, ке им ги зголемува почестите и ке им дава власт над мнозина и земја ке раздава како награда. |
40. | Кон крајот на времето јужниот цар ке се судри со него и северниот цар ке се впушти како бура врз него со коли, коњаници и многубројни кораби, ке нападне на областите, ке ги поплави и ке мине преку нив. |
41. | И ке влезе во најубавата земја, а многу области ке пострадаат, од раката негова ке се спасат само Едом, Моав и голем број од синовите Амонови. |
42. | Kе ја протегне раката своја врз разни земји; нема да се спаси ни земјата Египетска. |
43. | Kе освои златни и сребрени ризници и разни скапоцени работи од Египет; Ливијците и Етиопјаните ке тргнат по него. |
44. | Но гласовите од исток и од север ке го смутат, па тој ке излезе со најголема јарост за да истребува и погубува мнозина, |
45. | и ке ги распне царските шатори ме у морето и гората на преславното светилиште; но ке му дојде крајот, и никој нема да му помогне. |
← Daniel (11/12) → |