← Daniel (10/12) → |
1. | Во третата година на персискиот цар Кир би откровение до Даниила, кој се викаше Валтазар, и вистинско беше тоа откровение и со голема сила. Тој го разбра тоа откровение и го објасни тоа видение. |
2. | Во тие дни јас, Даниил, бев тажен цели три седмици. |
3. | Вкусен леб не јадев; месо и вино не влезе во устата моја, и масла не употребив, додека не завршија трите седмици. |
4. | А во дваесет и четвртиот ден од првиот месец, се најдов покрај брегот на големата река Тигар; |
5. | ги кренав очите угоре и видов: ете еден човек, облечен во ленена облака, а крстот му беше препашан со злато од Уфаз. |
6. | Телото негово изгледаше како топаз, лицето - како светкавица - очите му беа како запалени светила, рацете негови и нозете негови изгледаа како сјаен бакар и гласот на зборовите негови како глас на многу лу е. |
7. | И само јас едниот, Даниил, го видов тоа видение, а лу ето што беа со мене не го видоа тоа видение; но страв голем ги обзеде, и тие избегаа за да се сокријат; |
8. | Останав сам и го гледав тоа големо видение, но во мене не остана сила и видот на лицето мое се измени многу, не остана во мене бодрост. |
9. | И го чув гласот на зборовите негови; и штом го чув гласот на зборовите негови, ненајдено паднав ничкум и лежев со лицето кон земјата. |
10. | Но ете, рака една се допре до мене и ме исправи на колената мои и на дланките од рацете мои. |
11. | Па ми рече тој: "Данииле, сакани човеку, задалабочи се во зборовите што ке ти ги кажам, и исправи се на нозете свои, зашто при тебе сум денеска испратен." Штом ми ги кажа тие зборови, јас станав растреперен. |
12. | Но тој ми рече: "Не бој се Данииле! Од привиот ден кога го управи срцето свое за да постигнеш разбирање и да се смириш пред твојот Бог, зборовите твои беа примерни, и јас сакав да дојдам според зборовите твои. |
13. | Но кнезот на персиското царство стоеше спроти мене дваесет и еден ден; а тоа е Михаил, еден од првите кнезови, дојде да ми помогне и јас останав таму при персискиот цар. |
14. | А сега дојдов да ти соопштам, што ке се случи со твојот народ во последните времиња, зашто видението се однесува кон далечни дни." |
15. | Додека ми зборуваше такви зборови, паднав ничкум на земјата и онемев. |
16. | Но ете, ете еден сличен на синовите човечки се допре до усните мои и јас ја отворив устата своја, почнав да зборувам и му реков на оној што стоеше пред мене: "Господаре мој, од ова видение утробата во мене се преврте и во мене не остана сила. |
17. | Па како може слугата Твој Господи, да зборува со мојот Господар? оти во мене нема сила, и дишењето мое запрело." |
18. | Тогаш пак се допре до мене тој човечки образ, ме поткрепи |
19. | и рече: "Не бој се, сакан човеку, мир да имаш; охрабри се, охрабри се!" и кога зборуваше тој со мене, јас се закрепив и реков: "Зборувај Господи мој, зашто ти ме поткрепи." |
20. | И тој ми рече: "Знаеш ли зошто дојдов при тебе? сега ке се вратам за да се борам со персискиот кнез; а штом ке излезам јас, ке дојде грчкиот кнез. |
21. | Но јас ке ти соопштам што е напишано во вистинското писмо; и нема никој друг, што ке ми помогне во тоа, освен Михаил, вашиот кнез." |
← Daniel (10/12) → |