Daniel (1/12) → |
1. | Во третата година од царувањето на јудејскиот цар Јоаким се крена вавилонскиот цар Навуходоносор, против Ерусалим и го опседна. |
2. | И го предаде Господ во раката негова јудејскиот цар Јоакима и дел од садовите на домот Божји, и тој ги испрати во земјата Сенар, во домот на својот бог, и ги внесоа тие садови во ризницата на својот бог. |
3. | И му рече царот на Асвеназа, началникот на дворјаните, да му доведе од синовите Израилеви, од царски и кнежевски род, |
4. | момчиња кои немаа никаков телесен недостаток, лични на глед и способни за секаква наука, што ги разбираат науките и да се разумни и волни да служат во царските палати, и да ги научи халдејските книги и јазик. |
5. | И определи царот секојдневна храна од царската трпеза и вино што сам го пиеше, па заповеда да ги воспитуваа три години, а потоа тие требаше да се појават пред царот. |
6. | Ме у нив беа од Јудините синови Даниил, Ананиј, Мисаил и Азариј. |
7. | Тогаш началникот на дворјаните им ги смени имињата: Даниила го нарече Валтазар, Ананија - Седрах, Мисаила - Мисах и Азарија - Авденаго. |
8. | Даниил науми да не се осквернува со јадењето од царската трпеза и од виното, што го пиеше царот, па затоа го замоли началникот на дворјаните да не го принудува да се осквернува. |
9. | Бог му даде на Даниила милост и благонаклоност кај началникот на дворјаните. |
10. | И така, началникот на дворјаните му рече на Даниила: "Се плашам од својот Господа, царот, кој лично ја определи храната и пењето; ако ги види вашите лица послаби, отколку што се кај момчињата, вашите врсници, вие ке ја доведете во опасност славата моја пред царот." |
11. | Тогаш Даниил му рече на Амелсара, кого го беше поставил при Даниила Ананија, Мисаила и Азарија началникот на дворјаните: |
12. | "Обиди се со слугите свои - десет дни нека ни даваат овошје како храна и вода како пиење; |
13. | а потоа нека се јават пред тебе нашите лица и лицата на оние момчиња што се хранат од царската трпеза, па потоа постапувај со слугите свои, како што ке мислиш да е добро." |
14. | Тој ги послуша во тоа и направи обид таков со нив десет дена. |
15. | По десетте дена лицата нивни изгледаа поубави, а и телесно беа пополни од сите оние момчиња, што се хранеа со царските јадења. |
16. | Тогаш Амелсар го земаше нивното јадење и виното, па им даваше овошје. |
17. | И им дарува Бог на четворицата момчиња знаење и разбирање на секаква книга и мудрост, а на Даниила му подари уште да толкува и секакви виденија и соништа. |
18. | Откако завршија деновите, кога царот беше заповедал да ги претстават, началникот на дворјаните ги претстави пред Навуходоносора. |
19. | Царот зборуваше со нив и од сите момчиња не се најде ниту едно како што беа Даниил, Ананиј, Мисаил и Азариј, и потоа тие почнаа да служат пред царот. |
20. | И во се, за што се бараше мудрост и разбирање, и за што и да ги прашаше царот, ги најде за десетпати подобри од сите гатачи и гледачи, колку што ги имаше во целото негово царство. |
21. | И остана таму Даниил до првата година на царот Кир. |
Daniel (1/12) → |