← Colossians (4/4) |
1. | Господари, правете им на робовите што е праведно и справедливо, знаејќи дека и вие имате Господар на небото. |
2. | Бидете постојани во молитва со будност и благодарност! |
3. | Молете се едновремено и за нас, за Бог да ни отвори врата за словото за да ја навестиме Христовата тајна, заради која сум и во окови, |
4. | и да ја откријам јасно, онака како што треба да зборувам. |
5. | Постапувајте мудро спрема надворешните, ползувајќи ја секоја можност. |
6. | Bашиот говор секогаш да е со благост, зачинет со сол, за да знаете како треба да му одговорите секому. |
7. | А за мене ќе ве извести Тихик, мил брат и верен служител и слуга во Господ, |
8. | кого го испраќам кај вас токму затоа, за да дознаете како сме ние и да ги утеши вашите срца, |
9. | заедно со верниот и мил брат Онисим, кој е кај вас. Тие ќе ви соопштат како е тука. |
10. | Bе поздравува Аристарх, мојот другар во занданата, Марко, роднината на Барнаба (за кого примивте упатства: ако дојде кај вас, примете го) |
11. | и Исус, наречен Јуст. Од обрежаните овие се единствени кои ми помагаат за Божјото царство и кои ми беа утеха. |
12. | Bе поздравува вашиот сонародник Епафрас, слуга на Христос Исус, кој секогаш се бори за вас во молитви, за да стоите совршени и наполно уверени во целата Божја волја. |
13. | Сведочам за него дека има голема ревност за вас, за оние во Лаодикеја и за оние во Хиераполис. |
14. | Bе поздравуваат саканиот лекар Лука и Димас. |
15. | Поздравете ги браќата во Лаодикеја, и Нимфана и црквата во нејзиниот дом. |
16. | Кога ќе се прочита ова писмо кај вас, погрижете се да биде прочитано и во Лаодикејската црква! А она од Лаодикеја, прочитајте го и вие! |
17. | Речете му на Архип: "Bнимавај на службата која си ја примил во Господ, да ја исполниш!" |
18. | Своерачен поздрав од мене, Павле. Спомнувајте си за моите окови. Благодат со вас! |
← Colossians (4/4) |