← Colossians (3/4) → |
1. | И така, ако сте воскреснати со Христос, барајте го она што е горе - каде што е Христос, седнат оддесно на Бог. |
2. | Мислете на она што е горе, а не на она што е на земјата, |
3. | зашто умревте и вашиот живот е скриен со Христос во Бог! |
4. | А кога ќе се јави Христос, нашиот живот, тогаш и вие ќе се јавите со Него во слава. |
5. | Затоа, умртвете ги земните органи на вашето тело за: блуд, нечистота, страст, зла желба и алчност која е идолопоклонство, |
6. | заради кои доаѓа Божјиот гнев, |
7. | а во кои и вие некогаш одевте, кога живеевте во нив. |
8. | Но сега, отфрлете ги и вие сите овие нешта: гневот, јароста, злобата, хулењето и злоупотребата на говорот. |
9. | Не лажете се еден друг, зашто веќе го соблековте стариот човек со неговите дела |
10. | и се облековте со новиот човек, кој се обновува во целосното познавање според ликот на Оној Кој го создал, |
11. | каде нема веќе Грк ни Евреин, обрежан и необрежан, варварин, Скит, роб и слободен, туку Христос е сè и во сè. |
12. | И така, како Божји свети и мили избраници, облечете се со милосрдно срце, љубезност, понизност, кроткост и трпеливост! |
13. | Поднесувајте се еден со друг и проштавајте си еден на друг, ако некој има поплака против некого; како што Господ ви прости вам, така проштавајте и вие! |
14. | А над сето тоа облечете се во љубов, која совршено сврзува сè! |
15. | А Христовиот мир нека владее во вашите срца, за кого сте и повикани во едно тело; и бидете благодарни! |
16. | Христовото слово да живее изобилно во вас во сета мудрост, поучувајте се и опоменувајте се еден друг со псалми, химни и духовни песни, пеејќи Му на Бог со благодат во вашите срца. |
17. | И што и да правите со збор или дело, правете сè во името на Господ Исус, благодарејќи Му преку Него на Бог Таткото. |
18. | Жени, покорувајте им се на своите мажи, како што прилега во Господа! |
19. | Мажи, љубете ги своите жени и не бидете огорчени спрема нив. |
20. | Деца, бидете им послушни на вашите родители во сè, зашто тоа Му е по волја на Господ! |
21. | Татковци, не дразнете ги своите деца, за да не станат малодушни! |
22. | Робови, слушајте ги во сè своите земни господари, не навидум како оние кои само им угодуваат на луѓето, туку со искрено срце, боејќи се од Господ! |
23. | Што и да правите, правете го од сè срце како за Господ, а не за луѓе, |
24. | знаејќи дека од Господ како награда ќе примите наследство. Bие му служите на Господ Христос! |
25. | Зашто, кој прави лошо, ќе ги понесе последиците од стореното, и тоа непристрасно. |
← Colossians (3/4) → |