← Colossians (2/4) → |
1. | Имено, сакам да знаете колкава борба имам заради вас, заради оние во Лаодикеја и заради сите што не ме виделе лично, |
2. | за да се утешат нивните срца, и сплотени во љубовта да дојдат до сето богатство кое доаѓа од севкупната увереност во разбирањето и целосното познавање на Божјата тајна - Христос, |
3. | во Кого се скриени сите богатства на мудроста и на знаењето. |
4. | А ова го велам за да не ве измами некој со убедливи зборови, |
5. | зашто, иако сум отсутен по тело, во духот сум со вас и се радувам гледајќи ги вашиот ред и цврстината на вашата вера во Христос. |
6. | И така, како што Го примивте Христос Исус, Господ, така и да живеете во Него, |
7. | цврсто вкоренети и надѕидани во Него и зацврстени во верата, како што и бевте поучени, изобилувајќи со благодарноста. |
8. | Bнимавајте некој да не ве плени со философија и со празна измама според човечките преданија, според првобитните принципи на светот, а не според Христос. |
9. | Зашто во Него, во телесен облик, живее сета полнота на Божеството, |
10. | и вие станавте целосни во Него, Кој е глава на секое поглаварство и власт. |
11. | Bо Него сте и обрежани со обрезание кое не е со рака, со отстранување на телесноста преку Христовото обрезание: |
12. | откако бевте погребани со Него во крштавање, во кое и бевте воскреснати со Него преку верата во дејствувањето на Бог, Кој Го воскресна од мртвите. |
13. | Bас, кои бевте мртви во престапите и необрезанието на вашето тело, ве оживеа заедно со Него, простувајќи ни ги сите наши престапи |
14. | и бришејќи ја обврската од нашиот долг, која со своите одредби беше против нас; Тој ја отстрани кога ја прикова на крстот; |
15. | и ги разоружа поглаварствата и властите и јавно ги изложи, ликувајќи над нив преку него. |
16. | Затоа, никој да не ве осудува за храна, или пијалак, за некаков празник или за млада месечина, или за саботи |
17. | - нешта кои се само сенка на она што ќе дојде, а суштината е Христос. |
18. | Никој со измама да не ви ја одземе наградата, преку лажна понизност и поклонение на ангелите, тврдеќи дека имал виденија, дуејќи се напразно со својот телесен ум, |
19. | а не држејќи се за Главата, од Која целото Тело, помогнато и поврзано со зглобовите и врските, расте со растежот што го дава Бог. |
20. | Ако веќе умревте со Христос за првобитните принципи на светот, зошто им се потчинувате на прописите, како уште да живеете во овој свет: |
21. | "Не фаќај ! Не вкусувај ! Не допирај!" |
22. | - сè што пропаѓа со употреба - според човечките заповеди и учења? |
23. | Овие нешта навистина изгледаат како мудрост која се состои во самоволна набожност, лажна понизност и непоштедна строгост кон телото, а немаат никаква вредност, туку се само за угодување на телото. |
← Colossians (2/4) → |