← Amos (8/9) → |
1. | Вакво видени ми откри Господ Бог: ете, кошница со зрели плодови. |
2. | И ми рече Он: што гледаш, Амосе? Одговорив: кошница со зрели плодови. Тогаш Господ ми рече: му дојде крајот на Мојот народ Израилот - нема повеке да му проштевам. |
3. | Песните во дворците во оној ден ке се претворат во ридање, вели Господ Бог; ке има многу трупови, ке ги фрлаат насекаде молчешкум. |
4. | Чујте го ова, вие, кои жедувате да проголтате бедни и да погубите сиромаси, |
5. | вие, кои велите: - кога ке мине месечието, за да продаваме жито, и сабота, за да ги отвориме житниците, да ја намалиме мерката, да ја зголемиме цената на сиклата и да измамуваме со лажни мерки, |
6. | да купуваме сиромаси со сребро и бедни за два чевела, и да продаваме отсевки? |
7. | Се заколна Господ во славата на Јакова: навистина нема никогаш да заборавам ниту едно од делата негови! |
8. | Нема ли да се затресе земјата од тоа и нема ли да заплаче секој жител на неа? Таа целата ке се разбранува како река и ке се подига и ке се спушта како реката египетска. |
9. | И во оној ден, вели Господ Бог, ке направам сонцето да зајде попладне и ке ја помрачам земјата среде бел ден, |
10. | ке ги претворам празниците ваши во тага и сите ваши песни - во плач; ке ставам врекишта на сите бедра и келавост - на секоја глава, и ке создадам во земјата плач како за син единец, и крајот ке и биде како тажен ден. |
11. | Ете, настапуваат дните, вели Господ Бог, кога ке испратам на земјата глад, не глад за леб, не жед за вода, туку жед за слушање зборови Господови. |
12. | И ке одат од море до море, ке скитаа од север до исток, барајки го словото Господово, и нема да го најдат. |
13. | Во оној ден ке премираат од жед убавите девојки и момчиња. |
14. | Они што се колнат во гревот Самариски и велат: жив е твојот бог, Дане, така да ни е жив и патот за Вирсавија! Тие ке паднат и веке нема да се кренат. |
← Amos (8/9) → |