← Amos (6/9) → |
1. | Тешко им на оние што се без грижа во Сион и на оние што се надеваат на гората Самариска, кои се првенци во народот, и при кои доа а домот Израилев! |
2. | Минете во Калне и видете, оттаму одете во Великиот Емат и спуштете се во Гет филистејски: зар не се подобри тие во овие царства? Не ли се пошироки нивните предели од вашите предели? |
3. | Тешко вам, кои сметате дека е далеку злочестиот ден, а правите да се приближи славата на насилството, |
4. | вие, кои лежите на легла од слонова коска и се оптегате на постелите свои, вие, кои јадете најдобри овни од стадото и телиња од богато пасиште, |
5. | вие, кои пеете по звукот на гусла, мислејки дека свирите како Давид, |
6. | вие, кои пиете вино од чаша, се мачкате со најдобри масла и не ве боли срцето за злото на Јосифа! |
7. | Затоа сега тие ке појдат први во ропство пред заробените, и ке се заврши ликувањето на разнежените. |
8. | Се колне Господ Бог Сам во себе и вака вели Господ, Бог Саваот: се гнасам од гордоста на Јакова и ги мразам дворците негови, и ке го предадам градот и се, што го исполнува. |
9. | И, ако во некоја кука остана десет души, и тие ке умрат. |
10. | ке ги земе роднината нивни или соседот, за да ги изнесе коските нивни од куките, па ке го прашаат оној, кој стои пред куката: "има ли уште некого?" Тој ке одговори: "нема никого". И овој ке рече: "молчи, оти не бива да се спомнува името Господово." |
11. | Зошто, ете, Господ ке даде заповед и ке ги сосипе големите куки преку расцепување, а малите со напукнување. |
12. | Трчаат ли коњите по карпа? Може ли таа да се изоре со волови? Вие, пак, го превртувате правосудството во отров, а плодот на правдата - во горчина; |
13. | вие, што се восхитувате од ништо и од никакви работи и велите: "зар не спечаливме со силата на својата мок?" |
14. | Еве, Јас, вели Господ Бог Саваот, ке подигнам народ против вас, доме Израилев и ке ве истерам од влезот во Емат до потокот во пустињата. |
← Amos (6/9) → |