← Amos (5/9) → |
1. | Чујте го ова слово, со кое ке кренам плач за вас, доме Израилев. |
2. | Падна, нема повеке да стане девицата Израилева! Фрлена е на земјата своја, и нема кој да ја крене. |
3. | Оти вака вели Господ Бог: град, од кој излегуваат иљадници, ке остане само со сто, а од кој излегуваат сто, ке остане само со десет во домот Израилев. |
4. | Оти така му вели Господ на домот Израилев: побарејте Ме и ке бидете живи. |
5. | Не барајте го Ветил, не одете во Галгал и не патувајте во Вирсавија, зашто сиот Галгал ке појде во ропство, а Ветил ке се претвори во ништо. |
6. | Побарајте Го Господа, и ке бидете живи, за да не се нафрли Он против домот Јосифов како оган, што ке го проголта, и не ке има кој да го гасне во Ветил. |
7. | О, вие, што го превртувате правосудството во отров и правдата ја фрлате на земја! |
8. | Кој го создал седмоsвездието и Орион и ја претвора смртната сенка во јасно утро, а денот го прави темен како нок, ги извикува морските води и ги разлива по земјата? Господ е името Негово! |
9. | Он го заштитува рушителот против силниот, и опустошителот влегува во тврдината. |
10. | А тие го мразат оној, кој изобличува пред портите, и се гаснат од оној, кој кажува правда. |
11. | Па така, затоа што го измачувате сиромавиот и земате од него подароци во жито, вие ке изградите домови од делкан камен, но нема да живеете во нив; ке насадите убави лозја, само вино од нив нема да пиете. |
12. | Зашто Јас знам колку се многубројни вашите престапи, и колку се тешки вашите гравови; вие сте му непријатели на праведникот, земате поткуп и ги извртувате делата на сиромасите во судот. |
13. | Поради тоа разумниот човек молчи во тоа време, оти времето е лошо. |
14. | Барајте добро, а не зло, за да останете живи - и тогаш Господ Бог Саваот ке биде со вас, како што велите вие. |
15. | Мразете го злото, сакајте го доброто и поставете правосудство пред портите; можеби, Господ Бог Саваот, ке се смилува на остатокот Јосифов. |
16. | Затоа вака вели Господ Бог Саваот, Седржителот: по сите ваши улици ке има плач, и по сите ваши патишта ке викаат: Оф, оф! И ке повикаат земјоделец да жали и искусни за жални песни, да плачат; |
17. | и по сите лозја ке има плач, оти Јас минам ме у тебе, вели Господ. |
18. | Тешко им на оние, кои го бараат денот Господен! Зашто ви е тој ден Господен? Тој е темнина, а не светлина. |
19. | Тоа е исто како кога некој ако побегне од лав, па ке го сретне мечка, или ако дојде дома и се потпре со раката на sид, па го касне змија. |
20. | Зар денот Господен не е мрак, туку светлина? Тој е мрак, и во него нема болскот. |
21. | Ги мразам и ги отфрлувам празниците ваши и не ги помирисувам жртвите ваши во времето на вашите прослави во собранијата. |
22. | Ако ми принесете сепаленица и лебен принос, нема да ги примам и нема да погледнам милостиво на благодарствената жртва од вашите угоени телиња. |
23. | Отстрани го од мене шумот на твоите песни, зашто звуците на твојата гусла нема да ги слушам. |
24. | Правосудството нека тече како вода, и правдата - како силен поток. |
25. | Зар не ми принесувавте жртви и дарови во лебови во пустињата во текот на четириесетте години, доме Израилев? |
26. | Вие ја носевте скинијата Молохова и sвездата на вашиот бог Ремфан, ликови што ги направивте за себе. |
27. | Затоа Јас ке ве преселам зад Дамаск, вели Господ; Бог Саваот е името Негово. |
← Amos (5/9) → |