← Amos (4/9) → |
1. | Чујте го ова слово, јунички васански, вие, кои сте на Самариска гора, вие, кои ги измачувате сиромасите, ги угнетувате бедните и им велите на своите господари: "донесете да пиеме!" |
2. | Се заколна Господ Бог во Својата светост, дека, ете, ке дојдат врз вас дни, кога ке ве извлечат со куки и остатокот ваш - со јадици. |
3. | Па ке излезете низ проломите на sидовите, секоја - како ке може, и ке ги фрлите сите украси, што се во дворците, вели Господ. |
4. | Одете во Ветил и грешете, во Галгал и умножувајте ги престапите, принесувајте жртви секое утро, десетоци секој трети ден. |
5. | Принесувајте како благодарствена жртва леб со квас, кажувајте ги доброволните свои приноси и разгласувајте за нив, зашто вие тоа го сакате, синови Израилеви, вели Господ. |
6. | Затоа и ви дадов чисти заби во сите ваши градови и недостиг од леб по сите ваши населби; но вие не се обрнавте кон Мене, вели Господ. |
7. | И го задржав по вас дождот три месеци до жетва; пуштив дожд врз еден град, врз друг град не пуштив; еден дел беше напојуван со вода, а другиот - ненаросен со дожд, и се исушуваше. |
8. | И се собраа два три града во еден град, за да се напијат со вода и не можеа да се напијат до ситост; но и тогаш вие не се обрнавте кон Мене, вели Господ. |
9. | Ве поразував со суша и метлика по житата: во многу ваши градини и лозја, насади со смокви и маслини ги јадеа гасеници, и при сето тоа пак не се обрнавте кон Мене, вели Господ. |
10. | Ви пракав помор, како египетскиот, ги убивав со меч момчињата ваши, отакако ги одведов коњите ваши во плен, така што смрад во становите ваши се креваше во ноздрите ваши, и покрај сето тоа не се обрнавте кон Мене, вели Господ. |
11. | Ве сотирав, како што Бог го разруши Содом и Гомор, и вие бевте истргнати од огнот како гламња, но при сето тоа не се обрнавте кон Мене, вели Господ. |
12. | Затоа вака ке постапам со тебе, Израиле; и бидејки така ке постапувам со тебе, приготви се да го дочекаш твојот Бог, Израиле. |
13. | Зашто, ете, Оној е, Кој образува гори и создава ветар и му ги објавува замислите Свои на човекот, утрената светлина ја претвора во мрак и оди високо над земјата. Името Негово е Бог. |
← Amos (4/9) → |