← Amos (2/9) → |
1. | Вака вели Господ: за трите престапи на Моав, и за четири нема да го поштедам, оти тој ги изгоре коските на царот едомски во вар. |
2. | Па ке пратам оган врз Моав, и тој ке ги проголта дворците кериотски, и ке загине Моав при пораз со шум, при трубен звук. |
3. | И ке го истребам судијата негов и ке ги убијам сите кнезови негови заедно со него, вели Господ. |
4. | Така вели Господ: за трите престапи на Јуда и за четири нема да го поштедам, заради тоа што го отфрлија Законот на Господа и наредбите Негови не ги запазија; и идолите, по кои одеа татковците нивни, ги отклонија од патот. |
5. | И ке испратам оган врз Јуда, и тој ке ги проголта дворците ерусалимски. |
6. | Така вели Господ: за трите престапи на Израилот и за четири нема да го поштедам, бидејки тие продаваат праведен за сребро, и сиромав за две сандали. |
7. | Чезнеат да видат прав земен врз главите на сиромасите, и патот на кротките го искруваа; дури татко и син одеа при иста жена, за да го бесчестат Моето свето име. |
8. | При секој жртвеник лежат врз облеки, земени во залог, и вино изнудено од обвинети, пијат во домот на боговите свои. |
9. | Но Јас ги истребив пред нив Аморејците, чија височина беше како височината на кедар, и кој беше јак како даб; Јас го уништив плодот негов горе, а коренот негов долу. |
10. | Вас, пак, ве изведов од земјата Египетска и ве водев по пустињата четириесет години, за да ја наследите земјата Аморејска. |
11. | Од синовите ваши избирав лу е за пророци и од младичи ваши - за назореи; зар не е тата синови Израилеви? - вели Господ. |
12. | А вие ги поевте назореите со вино и на пророците им заповедавте: ‘не пророкувајте‘. |
13. | Еве, Јас ке ве притегнам, како што се стега кола, натоварена со снопја, |
14. | и брзиот не ке има сила за бегање, ни јакиот да издржи и храбриот да го спаси животот свој. |
15. | Ни оној, што стрела со лак, нема да се додржи, ниту брзиот ке избега, ниту пак оној на коњ ке го спаси животот свој. |
16. | И најхрабриот од храбрите во оној ден ке избега гол, вели Господ. |
← Amos (2/9) → |