Amos (1/9) → |
1. | Зборовите на Амоса, еден од пастирите на Текоја, што ги чува во видение за Израилот во деновите на јудејскиот цар Озија, и во деновите на јудејскиот цар Јеровоам, синот Јоасов, две години пред потресот. |
2. | И рече тој: Господ ке загрми од Сион и ке го пушти гласот Свој од Ерусалим, и ке се расплачат кушите пастирски, и ке се исуши врвот на Кармил. |
3. | Така вели Господ: за трите престапи на Дамаск и за четирите нема да го поштеди, зашто го вршеа Галад со железни орудија. |
4. | Kе пуштам оган во домот Азаилов, и тој ке ги проголта дворците на Венадад. |
5. | Па ке ги разбијам резињата на Дамаск и ке ги истребам жителите од долината Авен, и оној, што држи жезал, од домот Еденов; народот Арамејски ке отиде во ропство во Кир, вели Господ. |
6. | Така вели Господ: за три престапи на Газа и за четири нема да ја поштедам, зашто тие ги одведоа сите во ропство, за да му ги предадат на Едома. |
7. | И ке испратам оган во sидовите на Газа и тој ке ги проголта дворците нејзини. |
8. | Па ке ги истребам жителите на Азот, и оној, што го држи жезалот во Аскалон, и ке ја свртам раката Своја против Екрон, и ке загине остатокот на Филистејците, вели Господ. |
9. | Вака вели Господ: за трите престапи на Тир и за четири нема да го поштедам, зашто тие му ги предадоа на Едома сите заробеници, и не се сетија за братскиот сојуз. |
10. | Kе пратам оган во sидовите на Тир, и тој ке ги проголта дворците негови. |
11. | Така вели Господ: за трите престапи на Едома и за четири нема да го поштедам, зашто тој ги гонеше браката свои со меч, ги погази родбинските чувства, беше свиреп во гневот свој и секогаш ја држеше јароста своја. |
12. | Kе испратам оган врз Теман, и тој ке ги проголта дворците на Восор. |
13. | Така вели Господ: за трите престапи на синовите Амонови и за четири нема да ги поштедам, бидејки тие ги расекуваа бремените жени во Галад, за да ги прошират границите свои. |
14. | И ке запалам оган во sидовите на Рава, и тој ке ги проголта дворците нејзини со врисок во денот на бојот и со виот во денот на бурата. |
15. | И ке отиде царот нивни во ропство, тој и кнезовите негови заедно, вели Господ. |
Amos (1/9) → |